Контакт

Свет

Американските специјалци Младиќ го имале 20 пати на нишан

Објавено пред

Радио Слободна Европа донесува интервју со американскиот историчар и стратешки аналитичар Чарлс Инграо, во кое тој тврди дека американските специјалци во Босна и Херцеговина барем дваесеттина пати можеле да го упасат Ратко Младиќ.

dobivaj vesti na viber

Чарлс Инграо е професор на американскиот универзитет Пардју и се занимава со историјатот на војните на територијата на поранешна Југославија во последната деценија од минатиот век. Во интервјуто Инграо тврди дека САД никогаш немале намера да го уапсат Ратко Младиќ, ниту другите обвинети за воени злосторства сторени во Босна и Херцеговина и дека американските сили ги попречувале сите обиди што ги преземале единиците на ИФОР за нивно апсење.„Не знаеме што разговарале Младиќ и претставниците на американската војска, но знаеме дека разговарале и дека тоа не заврши со негово апсење“, рекол Инграо.„Во 1996 г., од крајот на февруари до почетокот на јули, припадниците на американската специјална единица во Босна најмалку 20 пати буквално ’на нишан’ го имале конвојот на Младиќ соствен од три возила. Во тој период го следеле во стапка кога се движел меѓу Жепа, каде беше штабот на 65. полк на војската на Република Српска и локациите околу Хан Пјесак. Неколкупати подоцна, истата единица била во придружба на американскиот полковник Џон Батиста кој доаѓал во штабот на 65-от полк на војската на Република Српска на состаноци со Ратко Младиќ…. Припадниците на американската војска не го виделе Младиќ, но според она што мене ми е кажано, нема сомневања дека Батиста тамо се сретнувал со него“, додал Инграо.Клинтон се плашеше од втор МогадишТој тврди дека информациите ги добил од анонимен припадник на таа единица, инаку член на американските разузнавачки служби.На прашањето дали Пентагон знаел за овие состаноци, Инграо одговорил: „Не може ниту да се замисли висок американски воен претставник да се сретне со двојно обвинет за воени злосторства, не само без знаење, туку и без дозвола на Пентагон“.Според дополнителното објаснување на Инграо, Пентагон вака постапувал затоа што не сакал да ризикува напади врз американските војници, а тогашниот американски претседател Бил Клинтон не сакал Босна и Херцеговина да ја претвори во втор Могадиш. Американскиот историчар смета дека првенствената мисија била да се воспостави мир во БиХ, да се раздвојат и обезоружат судрените страни. Апсењето на обвинетите за воени злосторства за американската војска било оценето како ризик кој може да резултира со напади врз американските војници.„Но Пентагон не беше единственито кој се противеше на апсењето на Радован Караџиќ и Младиќ. Кога американската војска влезе во БиХ, претседателот Бил Клинтон имал само една опсесија – БиХ да не се стане втор Могадиш, така што и самиот тој беше целосно неподготвен да му се спротистави на Пентагон, кој одбиваше да ги уапси Караџиќ и Младиќ. Стејт департментот единствен се залагаше за апсење на обвинетите за воени злосторства, бидејќи сакаше стабилна босанска влада, што беше неможно додека на власт беше Караџиќ“, тврди Ингаро.„Нашите извори не можеа со сигурност да ни потврдат дали Ричард Холбрук добил директна анредба од Стејт департментот на Караџиќ да му вети имунитет од кривично гонење, но речено ни е дела може да настапи ’ммногу креативно’, односно дека луѓето од Стејт деапртментот вклучувајќи го и Ворен Кристофер директно или индиректно му рекол да стори се’ што смета дека е потребно за да го тргне од власт Караџиќ“, одговора Инграо на прашањето колку има вистина во одбраната на Караџиќ дека тој со Американците преку Холбрук склучил договор кој му гарантира дека нема да биде гонет од Хашкиот трибунал.Западот ги лажел своите граѓани за БалканотТристотини научници ги испитувало и разобличиле вистинските политички случувања на Балканот во последните две децении. Една од нивните сознанија е дека повеќето западни влади, а посебно американската им претставувале лажни информации на своите граѓани. Шефот на проектот, Чарлс Инграо за Македонија вели дека е тешко веројатно дека ќе постигне значаен напредок.Сосема нова и поинаква светлина на досегашните сфаќања за улогата што меѓународната зедница и САД ја одиграа во политичките и воените случувања кои ги зафатија просторите на Балканскиот Полуостров последните дваесетина години. Тоа го покажува специјалниот извештај што го изработила група од 300 научници, историчари, социолози и правници а што во интервју за Вечерњи новости го најавил Чарлс Инграо, профеор по историја на американскиот универзитет Пардју и директор на проектот „Соочување со југословенските контроверзи“.  Во работата на групата научници биле вклучени и експерти од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Албанија, а сознанијата до кои дошле ќе будат презентирани пред јавноста кон крајот на јануари.„Владата на САД ги лажела своите граѓани во врска со решителноста да се уапсат сите обвиенти за воени злосторства, не само на Радован Караџиќ, кому Ричард Холбрук му ветил дека нема да биде уаспен ако се повлече од јавната и од политичката сцена, туку и на Ратко Младиќ“, рекол Инграо.Притоа Инграо се осврнал и на приближувањето на државати од западен Балкан кон евриатлантските интеграции. Според него, Хрватска сигурно ќе влезе во Европската унија и тоа наското, бидејќи постигнала голем напредок во достигнување на потребните стандарди, но и заради решителноста на нејзините политички лидери да го сторат тоа што е потребно за да се обезбедин и натаму силната поддршка од Западот. Од друга страна, пак, за Инграо помалку е веројатно дека Босна и Херцеговина, Србија и Македонија ќе постигнат значаен напредок, имајќи ги предвид преовладувачкиот и во голема мера потврден став на земјите од ЕУ дека се избрзало со приемот на државите како Романија и Бугарија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони

Објавено пред

Денеска, почнаа најобемните избори во светот, а речиси 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес, кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарда жители. Гласачите, всушност, не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави „Дојче веле“.

На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиските сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.

За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формира сојуз од 28 партии, наречен Индиски национален развој – инклузивен сојуз.

Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.

Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду-мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран

Објавено пред

Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира кога ќе се разјасни неговата природа.

„Во секој случај, без разлика на сѐ, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејства што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот“, рече Песков.

Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Туристи малтретирале мечиња за селфи, па ги фатила полиција во Северна Каролина

Објавено пред

Во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина, шест лица се снимени како влечат мали мечиња од гранките на дрвото за кои се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестемина ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.

dobivaj vesti na viber

Кога снимките од инцидентот стигнале до експертите што се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њуз“ рекла дека кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било дадено на човечка грижа и нега за да закрепне. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не може да се вратат во дивината бидејќи мечките што растат со луѓе потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.

„Мечето преживеа големо трауматско искуство. На луѓето што го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка си, а особено на овој начин да го влечат од дрвото“, рекла Хобс, пренесува „Унилад“.

По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од она што го направиле овие луѓе. За сето тоа морало да разговараат и со полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија5 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија7 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет7 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет8 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија8 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија8 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет8 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет9 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет9 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија18 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија18 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија18 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија21 час

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија24 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија1 ден

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија1 ден

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија1 ден

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...