Свет
Црквата избркала 9 годишно девојче кое абортирало
Римокатоличката црква во Бразил од своите редови исклучи 9-годишно девојче кое абортирала близнаци, а која забременила кога ја силувал нејзиниот очув. Причината за исклучувањето од црквата бил токму абортусот, а исклучена е и нејзината мајка која го дозволила лекарите да го извршат зафатот.
И покрај страшното злосторство кое очувот го сторил врз девојчето и кој резултирал со бременост, тамошниот бискуп Јосе Гардосо Собрино вели дека државата не смее да отстапи од своите начела.„Божјиот закон е над човечкиот. Кога некој човечки закон е во спротивност со Божјиот тогаш тој нема вредност. Оттука и возрасните кои дозволиле или го овозможиле абортусот подлежат на екскомуникација“, изјави Собрино интервју за локалните телевизии.Бразилскиот министер за здравство е згрозен од однесувањето на црквата.„Шокиран сум дека црквата не ги зеде пред вид околностите во кои девојчето затруднело и не можам да верувам на лицемерството на бискупот кој брани еден живот истовремено загрозувајќи друг“, изјавил Јосе Гомес Темпорао.Тој објаснил дека се работи за девет годишно девојче кое имало одвај 30-тина килограми и дека нејзината матка нема да може да издржи ниту едно дете, а не пак две. Црквата пак застанува на ставот дека девојчето сепак требало да ги износи децата, а потоа да биде породена со царски рез.Инаку, абортусот во Бразил е генерално забранет, но во некои околности сепк се дозволува: ако на мајката и е загрозен животот, ако не постои никаква можност фетусот да се развие т.е. да ја преживее бременоста, и во случај на силување, но ако само ако плодот не е постар до 20 недели.Несреќното девојче било во 15 недела бременост кога абортирала. Лекарите утврдиле дека животот на девојчето е во опасност доколку бременоста не се прекине. Случајот е откриен минатата недела кога девојчето се пожалило на својата мајка на болки, по што таа ја однела во болница. Таму е констатирана бременоста што била почната со силување. Очувот е во притвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Драма во Америка: во куќа пронајдени тела на пет лица, меѓу нив и деца
Телата на пет лица, меѓу кои и две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција.
Получникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите биле семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.
Полицијата беше испратена во дом на 20-ина милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека таму се наоѓаат телата, рече Најт.
Според него, на сите тела имало повреди, кои изгледале како да се работи за убиство.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски Котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и горанската делница на автопатот А6 Риека – Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.