Контакт

Свет

Британската влада демантира дека се работи за напад врз премиерот на Зимбабве Цванграи

Објавено пред

Британската влада ја исклучува можноста дека сообраќајната несреќа во којашто загина сопругата на премиерот на Зимбабве Морган Цваграи, а тој беше повреден, е намерно предизвикана.

Со возилото на Цвангираи се судри камион на британско-американска организација, а истрагата покажа дека се работи за несреќен случај, соопштија од британското министерство за надворешни работи. Претходно од партијата на Цванграи, Движењето за демократски промени соопштија дека возачот на камионот кој преминал во спротивната насока и удрил во возилото на Цвангираи, го сторил тоа намерно. Партијата планира да покрене сопствена истрага за сообраќајната несреќа. Цванграи во меѓувреме замина во соседна Боцвана каде ќе се опоравува од вчерашната сообраќајна несреќа. Цванграи минатиот месец ја презеде премиерска функција, според договорот за поделба на власта кој го постигнаа со претседателот Роберт Мугабе.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Уапсени четири лица за грабежот на пет милиони евра на аеродромот во Тирана

Објавено пред

Албанската полиција соопшти дека уапсила четворица осомничени за грабежот на пет милиони евра на меѓународниот аеродром во Тирана. Во соопштението се наведува дека три лица биле уапсени во Елбасан, додека четвртиот осомничен е пронајден во Кроја.

Претходно овој месец сторителите ги украле парите кога биле натоварени во авионот на австриска авиокомпанија, објави „Танјуг“. Еден од ограбувачите беше убиен во престрелка со огнено оружје со полицијата, а парите сè уште не се пронајдени.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Во земјотресот на Филипините загинаа најмалку осум лица

Објавено пред

Најмалку осум лица загинаа во денешниот земјотрес со јачина од 6,1 степени што го погоди најголемиот остров Лузон на Филипините. Официјалните лица стравуваат дека десетици луѓе се заробени под урнатините на деловните и трговските објекти.

Земјотресот што се случи на околу 60 километри од главниот град Манила, на длабочина од околу 40 километри, ги прекина воздушниот, железничкиот и патниот сообраќај и предизвика оштетување на зградите и инфраструктурата, објави „Ројтерс“.

Покраината Пампанга е најтешко погодена од земјотресот. Осум лица загинаа, а околу 20 се повредени, потврди гувернерката Лилиа Пинеда.

Таа рече дека се претпоставува дека сè уште има луѓе заробени под урнатините на трговскиот центар. Медиумите претходно објавија дека се урнале неколку згради и дека меѓународниот аеродром ,,Кларк” е оштетен и затворен и дека многу летови биле откажани.

Филипините се наоѓаат на пацифичкиот „огнен прстен”, каде што има чести земјотреси и вулкански ерупции.

Прикажи повеќе...

Европа

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Објавено пред

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира од песната во која мигранти се споредуваат со стаорци, јави агенција „Асошиејтед прес“.

Курц изјави за австриската новинска агенција АПА дека огранокот на Партијата на слободата во покраината Горна Австрија треба ,,веднаш и недвосмислено” да се дистанцира од песната којашто се појави во публикација на партијата во градот Браунау, родното место на Адолф Хитлер.

„Изборот на зборови е одбивен, нечовечки и длабоко расистички и не му е местото во Горна Австрија, ниту пак во целата земја”, изјави Курц.

Автор на песната насловена ,,Градски стаорец” е заменикот на градоначалникот, а зборува против мешањето култури. Песната освен опозицијата од левиот центар, ја осуди и локалниот огранок на Австриската народна партија на канцеларот Курц. Тој постигна коалиционен договор со Партијата на слободата и стана канцелар кон крајот на 2017 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ6 часа

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Свет9 часа

(Видео) Во земјотресот на Филипините загинаа најмалку осум лица

Најмалку осум лица загинаа во денешниот земјотрес со јачина од 6,1 степени што го погоди најголемиот остров Лузон на Филипините....

Европа9 часа

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 201910 часа

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет11 час

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 201912 часа

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија14 часа

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 201914 часа

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 201915 часа

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Избори 201916 часа

Река: Нема да тргуваме со гласовите

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река, по вчерашните повикувања и на двајцата кандидати, Силјановска и Пендаровски, кои се...

Свет17 часа

Локална исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид...

Топ17 часа

Убиени татко и неговиот осумгодишен син во Слупчане

Татко и неговиот осумгодишен син се пронајдени мртви во автомобил во близина на кумановското село Слупчане. Според информациите од кумановското...

Избори 201918 часа

Дука нов градоначалник на Дебар, во Охрид и во Ново Село ќе има втор круг

Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ за Дебар, победи на локалните предвремени избори што се одржаа вчера заедно со претседателските. Дука...

Свет18 часа

Ден на Земјата – што може секој поединец да направи за да ја заштитиме нашата планета?

Додека голем број граѓани од католичка вероисповед од Европа и светот го празнуваат првиот ден од Велигден, 22 Април исто...

Топ19 часа

Еден мотоциклист загина, а друг тешко повреден во сообраќајна несречќа на патот Скопје-Велес

Еден мотоциклист загина, а друг е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот „Пријателство“, во атарот...

Вести19 часа

Бројот на жртви во терористичките напади во Шри Ланка се искачи на 290

Бројот на жртви во терористичките напади во цркви и хотели во Шри Ланка порасна на 290, а бројот на повредени...

Избори 20191 ден

Зекири: Горчлива победа, граѓаните знаат да наградат, а и да казнат

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, по завршување на првиот круг од претседателските избори на кои во тесно водство е кандидатот...

Избори 20191 ден

Дерковски: Силјановска освои 309.799, Пендаровски – 310.751 и Река – 75.519 гласа

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, соопшти дека се обработени 96,92 отсто од гласовите, при што гласале 41,92 отсто...

Избори 20191 ден

Пендаровски: Едвај чекам да се фатам за работа од позиција шеф на државата

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во своето обраќање во медиумскиот центар оцени дека првиот круг од претседателските избори минал во демократски...

Избори 20191 ден

Заев прогласи победа на Стево Пендаровски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, прогласи победа на Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека од 98,28...

Досие