Контакт

Свет

Седум загинати во авионска несреќа во Уганда

Објавено пред

Товарен авион се урна во езерото Викторија во близина на главниот аеродром на Уганда, при што животот го загубија седум лица.

Според очевидците, авионот се запалил пред да се урне. Тој превезувал прочистувачи за вода, цевки и друга опрема, изјави за Асосиејтед прес мајорот Феликс Кулаигие. Портпаролката на полицијата, Џудит Набакооба известила дека полициски тим работи на теренот. Голем број од авионите во Африка се стари и нивната инфраструктура не е соодветно одржувана. На некои авионски линии од континентот им е забрането да летаат кон Европа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Во пожар во детски камп во Русија, загинаа најмалку пет деца

Објавено пред

Најмалку пет деца загинаа во пожар во детски камп во ски-центарот Холдоми во рускиот Далечен Исток.

Според информациите, загинати се три девојчиња од 10 и две од 11 години, а уште едно дете е во тешка здравствена состојба. Повредени се 12 луѓе, од кои седум се деца.

Огнот избил во еден од шаторите, а потоа се проширил на 26 шатори од кои 20 целосно изгореле.

Во кампот за време на пожарот имало 189 деца. Се уште се истражува причината за пожарот.

Прикажи повеќе...

Свет

САД веруваат дека собориле два или повеќе ирански дронови

Објавено пред

САД, најверојатно, минатата недела собориле два ирански дрона во Ормускиот Залив, изјави командантот на американската централна команда, генерал Кенет Мекензи.

„Во прашање е сложена тактичка ситуација, ние веруваме дека биле два дрона. Веруваме дека кај два дрона дејствувавме успешно, а можно е да имало и повеќе“, изјави Мекензи.

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, на 19 јули демантира дека Иран изгубил беспилотно летало во Ормускиот Залив по што САД соопштија дека брод на американската морнарица уништил ирански дрон.

Прикажи повеќе...

Свет

Новиот премиер на Британија – англискиот Трамп со турско потекло

Објавено пред

Новиот лидер на британските конзервативци, Борис Џонсон, кој ќе стане и премиер, тежнее кон тоа да стане новиот Черчил, а критичарите стравуваат дека ќе стане новиот Трамп. Коментатор на „Асоишетед прес“ вели дека Џонсон не е типичен политичар, почнувајќи од изгледот до однесувањето, а неговата кариера ја одбележаа многубројни скандали.

Тој е контроверзна фигура во британската политика и новинарството. Приврзаниците го гледаат како духовит, популарен и привлечен. Критичарите од левите и од десните кругови го обвинуваат за елитизам, неискреност, мрзливост и употреба на расистички и хомофобичен јазик.

За разлика од противкандидатот на изборите, богаташ и претставник на британската елита, Џереми Хант, Џонсон пред да влезе во политичките води работел и други работи. По дипломирањето класични науки на Универзитетот во Оксфорд во Лондон, се вработил како советник за менаџмент, но дал отказ по една недела. Џонсон ја започнал кариерата како новинар, а не како политичар, но набргу влегол во неволја. Почнал да работи во лондонски „Тајмс“, каде што предизвикал скандал кога напишал текст за археолошко откритие на палатата на Едвард Втори. Џонсон измислил изјава за која лажно тврдел дека ја добил од историчарот Колин Лукас, инаку негов кум. Поради тој скандал, бил отпуштен од „Тајмс“.

Џонсон беше и градоначалник на Лондон од 2008 до 2016 година, а во наредните две години беше на местото министер за надворешни работи.

Американскиот претседател Доналд Трамп го поддржа Џонсон во трката за наследник на Тереза Меј. Токму поради поддршката на Трамп и сличноста во фризурата, Џонсон го нарекуваат англискиот Трамп.

Џонсон е роден 1964 година во Њујорк. Татко му има турско потекло.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

(Видео) Во пожар во детски камп во Русија, загинаа најмалку пет деца

Најмалку пет деца загинаа во пожар во детски камп во ски-центарот Холдоми во рускиот Далечен Исток. Според информациите, загинати се...

Свет13 часа

Трамп: Би можел веднаш да го средам Авганистан, но не сакам да убијам 10 милиони луѓе

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД во последните неколку недели постигнале голем напредок во преговорите со талибанците и јасно...

Европа16 часа

Нов топлотен бран во Европа

Уште еден топлотен бран оваа недела ќе зафати делови од Централна и Северна Европа, со рекордни температури кои се очекува...

Македонија16 часа

Зависниците од наркотици ќе можат да примаат терапија и во Аеродром, Ченто и Психијатриската болница

Зависниците од наркотици ќе можат да примаат терапија и во поликлините во Аеродром, Ченто и Психијатриската болница. Досега околу 520...

Европа18 часа

Џонсон е новиот премиер на Велика Британија

Поранешниот британски шеф на дипломатијата, Борис Џонсон, е избран за нов претседател на Конзервативната партија, а според тоа и нов...

Македонија18 часа

(Видео) Јанева: Најодговорно тврдам дека не сум вмешана во случајот „Рекет“

Во врска со мојата наводна вмешаност во случајот „Рекет“ најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување или...

Македонија21 час

Заев: Борисов не ме повика за Камчев

„Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју...

Топ21 час

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија21 час

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Македонија22 часа

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија23 часа

Села бара јавен обвинител од странство

Зијадин Села од Алијансата за Албанците објави неколку забелешки за владиниот предлог закон за Јавното обвинителство. Тој истакна дека ќе...

Македонија23 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион23 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија2 дена

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија2 дена

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија2 дена

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија2 дена

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија2 дена

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија2 дена

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет2 дена

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Досие