Контакт

Свет

Поради вакцината против Ковид-19, може да бидат убиени дури 500.000 ајкули

Објавено пред

Експертите за диви животни тврдат дека половина милион ајкули може да бидат убиени во обид да се најде вакцина против Ковид-19.

Природното масло од црн дроб на ајкула се користи како лек и како помошно средство за зголемување на ефикасноста на вакцината.

Исто така, се користи во пробни вакцини против коронавирус.

Доколку лекот што содржи сквален е ефикасен и оди во пошироко производство од организацијата Shark Allies, тие веруваат дека ќе треба да бидат убиени околу 250.000 ајкули за да се обезбеди по една доза за секое лице.

Тој број се удвојува и станува застрашувачки ако на луѓето им требаат две дози вакцина наместо една за да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19.

Стефани Брeндл, основач и извршен директор на Shark Allies, рече дека земањето нешто од диво животно никогаш нема да биде одржливо, особено ако станува збор за предатор кој не се размножува во огромен број.

„Ние не се обидуваме да го забавиме или нарушиме производството на вакцини. Со потребни милијарди дози годишно во децениите што доаѓаат клучно е да не се потпираме на ресурсите на дивиот свет“, напиша таа во објава на „Фејсбук“.

Групата иницира онлајн-петиција со која се апелира да не се користат ајкули во вакцината против Ковид-19, туку постојни и долгорочни одржливи опции.

 

Свет

(Видео) Снимки од дрон го покажуваат ужасот по земјотресот во Измир

Објавено пред

Снимките направени со дрон го покажуваат ужасот што го остави силниот земјотрес што вчера го погоди турскиот град Измир.

Може да се видат згради претворени во купишта урнатини. Турското министерство за управување со вонредни состојби  соопшти дека и денеска траат спасувачките акции во 17 урнати или оштетени згради.

Во земјотресот загинаа најмалку 24 лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Словенија 1.796 новозаболени со коронавирус и 23 починати

Објавено пред

Во текот на претходниот ден, во Словенија се регистрирани 1.796 новозаразени со коронавирус, а 23 лица починаа. Процентот на позитивни лица во однос на тестираните лица е 26,78.

Вчера имаше 1.795 случаи, што е за еден случај помалку, но епидемиолозите предупредуваат дека тоа не значи дека епидемијата се намалува и дека трендот во последните денови е променет, бидејќи изменетиот протокол за тестирање се применува од средата.

Ова значи дека лекарите од примарната здравствена заштита повеќе не ги испраќаат на тестирање оние кои покажуваат знаци на болест и имаат поблаги симптоми, туку само оние со потешки форми на болеста, вработени во здравствени домови и домови за стари лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Хрватска 2.769 нови случаи на коронавирус

Објавено пред

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 2.769 нови случаи на коронавирус, а 15 лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Има 1.049 пациенти на болничко лекување, од кои 82 пациенти се на апарати за дишење. Бројот на активни случаи е 15.952.

Вкупниот број на починати достигна 546.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 49.316 лица заразени со новиот коронавирус.

Вкупно оздравеле 32.818 лица, од кои 1.908 во последните 24 часа.

Во моментов има 27.940 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 494.022 лица, од кои 8.741 во последните 24 часа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на сегашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на 27 април 2017 година во Собранието....

Македонија55 минути

Кафе-барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа и покрај забраната

Кафе-барот „Интермецо“ продолжил со работа и покрај забраната од 30 дена што ја изрече Општина Центар заради бучава. Градоначалникот на...

Свет2 часа

(Видео) Снимки од дрон го покажуваат ужасот по земјотресот во Измир

Снимките направени со дрон го покажуваат ужасот што го остави силниот земјотрес што вчера го погоди турскиот град Измир. Може...

Регион2 часа

Во Словенија 1.796 новозаболени со коронавирус и 23 починати

Во текот на претходниот ден, во Словенија се регистрирани 1.796 новозаразени со коронавирус, а 23 лица починаа. Процентот на позитивни...

Македонија2 часа

Мицкоски: Потребни се бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека се потребни бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички. „Образованието...

Македонија2 часа

УНИЦЕФ: Училиштата да се затворат единствено тогаш кога нема други алтернативи

Училиштата треба да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат, изјави Патриција ди Џовани, претставничка...

Македонија3 часа

Милевски: По 40 години, Пониква добива реконструирани ски лифтови

Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта издвои средства да се реконструира патот за еден помасовен туризам на Пониква, а...

Регион3 часа

Во Хрватска 2.769 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 2.769 нови случаи на коронавирус, а 15 лица починаа, објави Националниот штаб...

Свет5 часа

Бројот на загинати во земјотресот во Измир се искачи на 24

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос се искачи...

Свет18 часа

Сведоштва: Луѓето трчаа во паника, улиците се преплавени со мртви риби

Луѓето панично трчаа во турскиот град Измир, изјавија очевидци, откако земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала започна...

Македонија18 часа

Ексминистерот Наќе Чулев заразен со Ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работни Наќе Чулев, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Оливер Спасовски, е позитивен...

Свет18 часа

(Видео) Бројот на жртви во земјотресот во Турција се искачи на 14, над 400 лица се повредени

Бројот на жртви во денешниот земјотрес кој се случи во Турција и Грција, се искачи на 14. Епицентарот на земјотресот...

Свет20 часа

Меркел е против затворање на границите на ЕУ поради Ковид-19

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека е против затворање на границите во рамките на земјите-членки на Европската Унија во услови...

Македонија20 часа

Вучиќ, Рама и Заев разговараа за обновување на иницијативата за регионална соработка

Лидерите на Србија, Албанија и Северна Македонија – претседателот Александар Вучиќ, премиерите Еди Рама и Зоран Заев денеска одржаа состанок...

Регион21 час

Вучиќ: Од 10 ноември без ПЦР-тест меѓу Србија, Албанија и Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека биле донесени неколку важни одлуки на видеосостанокот на тема „Мал шенген“, чија имплементација...

Македонија23 часа

Обвинителството отвори истрага за Лидија Димова за злоупотреба на европските фондови

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага за директорката на Националната агенција за европски образовни програми...

Македонија23 часа

Бојан Јовановски оди во домашен притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 за предметот „Рекет“, со што ја укина...

Македонија1 ден

Царовска: Нема ширење на Ковид-19 во училиштата

Немаме ширење на Ковид-19 во училиштата, додека не се создадат услови за затворање, остануваме на овој модел, изјави министерката за...

Македонија1 ден

СОНК бара да се преиспита наставата со физичко присуство

СОНК бара Министерството за образование и наука да ја преиспита одлуката за настава со физичко присуство, односно да им овозможи...

Македонија1 ден

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Скандал е што наместо оставка, Шилегов го награди Караџовски

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на град Скопје реагира за доделената награда „13 Ноември“ на епидемиологот Жарко Караџовски. Тие велат дека...

Досие