Контакт

Свет

Американски новинарки уапсени во Северна Кореа

Објавено пред

Две американски новинарки се уапсени под сомнение за шпионажа против Северна Кореа и се одведени на испитување во Пјонгјанг. Тие се новинарки на телевизија чиј прв човек е поранешниот американски потпретседател Ал Гор

dobivaj vesti na viber

Лаура Линг и Еуна Ли, новинарки на телевизиската станица Current од Сан Франциско биле уапсени уште на 17- ти март. Севернокорејските власти ги обвинуваат дека илегално влегле во земјата преки Кина. Западните медиуми се повикуваат на јужнокорејскито високотиражен дневен весник JoongAng објавил дека двете американски новинарки се уапсени откако ненамерно ја минале границата работејќи на репортажа за севернокорејските бегалци. Според некои информации репортерките биел упасени во близината нареката Тумен. Во написот се потенцирало дека границата меѓу Северна Кореа и Кина е долга, слабо одбележана и многу порозна, па оттаму и лено погодна за пребегнување од државата во која  на власт е комунистичка диктатура а животниот стандард на населението, според пишувањето на западниот печат, е многу низок. Еден ден по апсењето новинарките биле одведени во Пјонгјанг и предадени на разузнавачката служба на севернокорејската армија. Таму, според весникот, ќе биле испитувани снимените материјали и забелешките што ги правеле двете новинарки за да се востанови дали навистина работеле на шпионажа на граничните воени објекти, за што се сомничат. Се претпоставува и дека кон нив нема да се постапува брутално како во други случаи, но сигурно е дека ќе бидат изложени на интензивно заморувачко испитување. Јужокорејските и американските разузнавачки служби внимателно го следат случајот, но досега официјално не го потврдуваат, наведува весникот.Северна Кореа најави лансирање на сателите на 4 и 8 април, но разузнавачките служби се сомневаат дека станува збор за тестирање на нови ракети со долг дострел, кои според западните проценки Пјонгјанг има намера да развие ракети кои ќе можат да се истрелаат директно врз американска територија.Амабсадоро на САД во Јужна Кореа, Арон Тарвер изјавил дека нема информации за уапсени репортерки и медиумите ги упатува на Стејт демартментот, но и од таму нема коментари.„Кина ги испитува релевантните извори по инфорамциите за американски државјани на границата меѓу Кина и Северна Кореа“, изјавил Чин Ганг, портпаролот на кинеското минситерство за надворешни работи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Објавено пред

Европскиот парламент денеска одобри визна либерализација за имателите на српски пасоши од Косово, кои ги издава Координативната управа на Србија, на предлог на европратеникот и известувач за укинување на тие визи, Матјаж Немец.

dobivaj vesti na viber

За извештајот на Немец, гласале 406 од 597 европратеници, 97 биле против, а 94 биле воздржани.

По гласањето во ЕП, последниот збор за овој предлог треба да го дадат министрите на Советот на ЕУ.

Претходно овој месец, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ се согласија со предлогот на ЕП и Советот на ЕУ за измена на регулативата за иматели на српски пасоши издадена од Координативната управа на Србија, со која се доделува визна либерализација на носителите на овие пасоши, пишува српската новинска агенција „Танјуг“.

Претходно, Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на ЕП на 9 април го усвои нацрт-извештајот за визна либерализација.

Целиот Западен Балкан ќе има ист визен режим за патување во ЕУ

Оваа одлука гарантира целиот регион на Западен Балкан да има ист визен режим за патување во ЕУ, објави тогаш ЕП.

Постои можност одлуката за визна либерализација за имателите на српски пасоши во Косово да почне да се применува до почетокот на летото.

Србите од Косово се единствените од Балканот на кои им е потребна виза за ЕУ

Србите од Косово и Метохија, кои поседуваат пасоши издадени од Координативната управа, која функционира во рамките на Министерството за внатрешни работи на Србија, се единствените на кои им е потребна виза за влез во земјите на ЕУ откако од 1 јануари годинава, беа укинати визите за граѓаните на Косово.

Во ноември 2023 година, Европската комисија предложи да почне постапка за вклучување на граѓаните на Косово, кои имаат пасоши издадени од Координативната управа на Србија, преку визна либерализација.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Драматична снимка од спасување во Минесота, маж беше заглавен во запален автомобил

Објавено пред

Група луѓе успеале да скршат запален автомобил и да спасат маж заробен во возилото, а драматичниот момент на спасувањето во Минесота беше снимен.

dobivaj vesti na viber

На видеото се гледа група луѓе околу автомобил зафатен од пламен. Тие очајнички се обидуваат да ја отворат вратата пред некој да го скрши прозорецот на возачот и потоа да го повлече на безбедно.

Инцидентот се случил минатиот четврток околу 18.30 часот.

Властите соопштија дека „хондата“ скршнала надесно и удрила во столб за осветление, а потоа и во заштитна ограда пред да се запали, создавајќи чад и голем пожар.

Возачот потоа бил пренесен во болница, но не добил сериозни повреди.

Прикажи повеќе...

Европа

Евакуиран хотел во Рим поради отровни испарувања од базенот: пет лица отруени, затворени и околните улици

Објавено пред

Најмалку пет лица се повредени во хотел во центарот на Рим кога дошло до испуштање штетни испарувања од базенот. Наредена е итна евакуација на сите присутни гости и вработени.

dobivaj vesti na viber

Според италијанските медиуми, повредените се во болница, а едно лице е во многу тешка состојба.

Повредени се вработените во хотелот, а најмалку 35 лица се евакуирани.

Во моментот кога алармот се вклучил, во хотелот имало само неколку туристи, кои биле на појадок.

Отровни испарувања доаѓале од бањата и велнес-центарот на долниот кат од хотелот, а се сомневаат дека се од базенот.

Полицијата го обезбедувала и просторот во непосредна близина на хотелот, а поради отровните испарувања, биле затворени околните улици.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија3 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија4 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет5 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија5 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет5 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија5 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет6 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија19 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија20 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија21 час

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија22 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија1 ден

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија1 ден

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...

Европа1 ден

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот...