Свет
Се’ уште нема потврда кој е уапсениот воен злосторник во Момбаса
NTV емитуваше снимка од приведувањато на хашкиот бегалец. Странецот кој беше уапсен во Момбаса и за кој е потврдено дека е баран од Хашкиот суд, во петок ќе биде испрашуван во Најроби. Од кениската полиција изјавиле дека на случајот работеле многу истражители
Српските медиуми велат дека уапсениот од Момбаса не е ниту Младиќ, ниту Хаџиќ, но се’ уште нема официјална потврда.Според извори од кениската полиција за агенцијата AFP, потврдил дека станува збор за личност која подолго време била барана со потерница издадена од Меѓународниот суд за воени злосторства сторени на територијата на поранешна Југославија. Сомневањата дека станува збор за Ратко Младиќ, воен лидер на босанските Срби, или за Горан Хаџиќ, воен лидер на хрватските Срби, се извлекуваат од тоа што Хашкиот трибунал ги бара само уште овие двајца српски обвинети за воени злостроства. Белградски B92, пак, информира дека неофицијално дознава дека не станува збор ниту за еден од двајцата, туку за германски државјанин кој е со потекло од поранешните југословенски простори и кој 12 години живеел во Кенија.Српската новинска агенција Танјуг го пренесува соопштението на министерството за внатрешни работи дека апсењето во Момбаса е поврзано со лицата кои се обвинети за воени злостроства. „Мажот за кој се сомневаме дека е баран од Хашкиот трибунал е уапсен во четвртокот попладне и со него се вршат информативни разговори. Отисоците од неговите прсти се испратени на детални анализи, а ја очекувам и помошта на Интерпол“, рекол портпаролот на кениската полиција, Ерик Кираите. Тој одбил да го соопшти идентитетот и националноста на уапсениот.Според некои информации кои ги лиферуваат светските новински агенции, уапсениот е на возраст од околу 65 години, што би алудирало дека можеби се работи за Ратко Младиќ кој е роден 1943 г., а Горан Хаџиќ е роден 1958 г.Приведениот во Кенија се занимавал со хотелиерски бизнис како странски вложувач. За хрватската телевизија NOVA TV, портпаролот на Специјалниот суд за воени злосторства во Белград, Бруно Векариќ, изјавил дека уапсениот најверојатно не е ниту Младиќ ниту Хаџиќ. Според Векариќ, уапсениот е од просторите на поранешна Југославија, а во Кенија бил доселен од 1998 г. а наводно имал и хрватски пасош. Главниот обвинител на Трибуналот, Серж Брамерц, преку својот кабинет одбил да го коментира апсењето. Се шпекулира дека до пасењето на осомничениот за воени злосторства дошло откако Брамерц ја почна неговата посета на Србија за да даде оценка за искреноста на напорите на српските власти за апсењето на Младиќ и Хаџиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.