Контакт

Свет

Уапсен Црногорец од бандата „Пинк Пантер“

Објавено пред

На Кипар е уапсен 41-годишен црногорски државјанин кој е осомничен дека е припадник на организираната банда „Пинк Пантер“, која е одговорна за грабежи во јувелирници низ светот во вредности од стотина милиони евра

dobivaj vesti na viber

Интерпол издаде соопштение дека во содејство со кипарската полиција го уапсила Црногорецот Рифат Хаџиахметовиќ на аеродромот во Ларнака, уште на 18-ти март. Тој кај себе носел фалсификуван бугарски пасош со кој сакал да влезе во Кипар. Бандата „Пинк Пантер“ според сомневањето на Интерпол ја сочинуваат криминалци од балканските држави. Тие се главните осомничени за серијата големи грабежи во минатите десет години, чија главна одлика е несфатливата дрскост. Вкупната вредност на украдените скапоцени камења за кои е осомничена бандата е проценета на повеќе од 150 милиони долари. Уапсениот црногорски државјанин Хаџиахметовиќ е директно обвинет за учество во кражба изведена на шпанскиот остров Тенерифе минатата година. Кипарската полиција на Црногорецот му одредила мерка притвор до 31 март, кога во Шпанија ќе почне судскиот процес против Хаџиахметовиќ. Претставникот на Интерпол, Жан-Лук Лоботен изјавил дека Хаџиахметовиќ бил идентификуван според отисоците на прстите од архивите на меѓународната полиција, а бил задржан заради патување со лажен пасош. Дури подоцна  бил потврден неговиот идентитет од потерницата на Интерпол.

Последниот голем грабеж на „Пинк Пантер“ во Париз извршен за помалку од минута

Последниот голем грабеж на „Пинк Пантер“ се случи на почетокот од декември минатата година. Тогаш полициски извори тврдеа дека четворицата ограбувачи биле мажи, иако двајца биле преправени како жени.Воружени со пиштоли, крадците влегле во продавницата  Harry Winston`s на престижната париска Авени Монтењ и за помалку од минута целосно ја испразниле а потоа побегнале со мотори. Според информациите, украдените дијаманти чинат повеќе од 50 милиони евра. Сопствениците на јувелирницата распишаа награда од половина милион долари за информација која ќе помогне да се фатат ограбувачите.Полицијата ги прибрала сите снимки од безбедносните видеокамери во и околу јувелирницата, како и фотографиите што ги добиел од безбедносниот систем во Швајцарија кој е поврзан со ограбената продавница.Разбојниците ги присилиле работниците во дуќанот да им го дадат сиот изложен накит, а француската полиција информираше дека тие ги знаеле имињата на речиси сите од 15-мината вработени. Исто така, ограбуваччите знаеле и каде е точно смстен накитот кој во моментот небил изложен. Овие податоци сигурно им овозможиле да го извршат грабежот за помалку од минута.Интересен е и податокот дека истата париска јувелирница била ограбена точно пред една година. И во тој грабеж учествувале тројца мажи, а го украле само накитот кој бил сместен во главниот трезор чија вредност тогаш била проценета на 10 милиони евра. Синџирот на американската јувелирница Harry Winston`s е познат низ целиот свет, а во неговите продавници скапоцени камења купуваат членовите на кралските семјства. Честопати нејзиниот накит може да се забележи на филмските фествали како оној во Кан, како и на доделувањето на Оскар-ите. Најскапото парче накит кој фирмата кога и да е го продала е ијара своевремено специјално изработена за иранскиот шах.Еден од инспекторите на париската полиција тогаш навел дека ако навистина разбојниците потекнуваат од Русија или од Балканот, накитот најверојатно ќе биде разглобен на помали парчиња и потоа продаван на црниот источноевропски пазар на скапоцености.

За десет години 200 балканци извршиле стотина добро планирани грабежи

„Веруваме дека ограбувачите доаѓаат од некоја од државите од поранешна Југославија, токму затоа што тоа е ’ветена земја’ за криумчарње на дијаманти“, изјави во декември портпаролот на париската специјална полиција. Тој додал и дека нема никаква сомнежи дека грабежот го извеле искусни професионалци.Инаку, познато е дека криминалците од источна Европа, особено од регионот на поранешна Југославија со години делуваат во Франција. Нивното „работење“ во оваа западна држава е многу активно уште од времето на СФРЈ, кога покрај извршувањето криминални дела работеа и против националните дијаспори низ Франција под закрилата на разузнувачката служба КОС.Се претпоставува дека групата професионални ограбувачи наречена „Пинк Пантер“ според комичниот серијал, брои повеќе од 200 лица со потекло од поранешна Југославија. Интерпол смета дека со организирано дејствување бандата почнала од 1999 г. а била наречена со името на цртаниот јунак во 2004 г. Тогаш имено, британската полиција кај еден разбојник нашла ѓердан од сини дијаманти вредна 600 илјади евра сокриена во кутија од крема за лица, како и во филмот за комичниот ограбувач. Во десете години откако дејствува, се претпоставува дека бандата „Пинк Пантер“ извел повеќе од 90 добро планирани и изведени грабежи. Нејзини жртви главно се продавниците на скапоцености во центрите на светскито гламур, как ошто се Монако, Дубаи, Женева, Лондон, Токио итн. Исто така, бандата е осомничена дека таа во 2003 г. го извела најголемиот грабеж на јувелирница во историјата во беглискиот град Анверс, кога е украден наките чија цена е проценета на повеќе од 100 милиони евра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Бајден тајно и го испрати на Украина најмоќното оружје досега, тие веќе жестоко ги нападнаа Русите

Објавено пред

Соединетите држави тајно испратија нов ракетен систем со долг дострел во Украина минатата недела, а украинските сили веднаш го искористија оружјето за да нападнат руски воен аеродром на Крим минатата среда и руски војници во југоисточниот дел на земјата во текот на ноќта во вторникот, изјави американски официјален претставник за „Њујорк Тајмс“.

dobivaj vesti na viber

Соединетите Американски Држави претходно и доставија на Украина верзија на овој тактички ракетен систем – познат како ATACMS – кој може да носи касетна муниција до растојание од 160 километри.

Но, Украина долго време копнееше за верзија на системот со подолг дострел, со домет од околу 450 километри, кој може да достигне подлабоко во окупирана Украина, вклучувајќи го и Крим, центарот на руските воздушни и копнени сили и центрите за снабдување на силите на Москва во југоисточниот дел на земјата.

Во текот на ноќта во вторникот, Украина употреби ракети со поголем дострел за да ги нападне руските војници во пристанишниот град Бердјанск на Азовското Море, изјави висок американски претставник.

Минатата среда, профилите на социјалните мрежи во Украина објавија големи пожари и експлозии на воениот аеродром во Џанкој, Крим, за кој висок американски функционер рече дека исто така бил цел на ATACMS.

Во говорот таа вечер, украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на генералот Олександр Сирски, главниот командант на Украина, но не кажа повеќе за нападот.

Американскиот претседател Бајден тајно ја одобри одлуката за испраќање повеќе од 100 ракети со поголем дострел во средината на февруари, изјави висок функционер, како и повеќе варијанти на касетна муниција. Тие беа дел од испораката на оружје за Украина во март вредна 300 милиони долари.

Бајден долго време одбиваше да испраќа ракети со поголем дострел поради неколку причини, рече официјалниот претставник. Прво, американската војска одлучи да го намали бројот на проектили што ги продава на трети земји, намалувајќи ја загриженоста на Пентагон за можниот недостиг. Зголемената употреба на балистички ракети од страна на Русија и зголемените напади врз клучната инфраструктура, исто така, ја поттикна Украина поагресивно да бара оружје што би можело да помогне во спротивставувањето на овие закани.

Првите напади со новите ракети имаа разорни последици, пишува NYT. Видеата објавени од жителите на социјалните мрежи минатата среда ги покажуваат пожарите што избувнаа по нападот. Четири часа по нападот, Crimean Wind, група која ги следи објавите на локалните социјални мрежи, извести дека погодената руска муниција сè уште експлодира. Тие рекоа дека се разнесени прозорците на куќите во близина на аеродромот.

Подоцна, Генералштабот на Украина објави снимка од ракетниот напад со детали за нападот на украинските безбедносни претставници – четири ракетни системи земја-воздух С-400, три радарски станици, командно место за воздушна одбрана и систем за команда и контрола на одбраната на Крим.

Прикажи повеќе...

Свет

Сандерс: Израел има за цел да ги елиминира Палестинците, а не Хамас

Објавено пред

Американскиот сенатор Берни Сандерс рече дека она што Израел го прави во Појасот Газа повеќе не е војна против Исламското движење на отпорот Хамас, туку елиминација на животното ткиво на Палестинците.

dobivaj vesti na viber

Во говорот пред Конгресот за одобрување на странска помош, вклучително и безбедносна помош за Израел, Сандерс додаде дека она што се случува во Појасот Газа не е несреќа или воена грешка, туку пресметана политика која систематски се спроведува шест месеци.

Тој посочи дека е невозможно да се погледнат сите овие факти и да не се заклучи дека политиката на израелската влада е насочена да го направи Појасот Газа неподобен за живот, а тоа всушност и се случува.

Американскиот сенатор го критикуваше и американското соучесништво во војната во Појасот Газа и рече дека војната во Газа се гледа како израелско-американска војна.

Тој објасни дека „поголемиот дел од бомбите и воената опрема што ги користи Израел во војната во Појасот Газа ги обезбедува нашата земја со парите на американските даночни обврзници“.

Тој посочи дека САД и даваат милијарди долари на владата на Бенјамин Нетанјаху, која ги затвора границите на Појасот Газа и спречува храна и медицински материјали да стигнат до оние на кои им е потребна.

Сандерс рече дека Израел систематски го уништувал здравствениот систем во Појасот Газа, а од вкупно 37 болници уништил 26 од нив, кои се целосно вон функција, додека останатите само делумно работат.

Сандерс, независен член на Сенатот, рече дека ќе воведе законски амандмани за намалување на милијардите од воената помош за Израел, нагласувајќи дека САД не можат да продолжат да ја финансираат оваа „страшна војна“ во Појасот Газа.

Прикажи повеќе...

Свет

Бајден го потпиша законот: „Тик-ток“ има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка

Објавено пред

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон што може да доведе до целосна забрана на „Тик-ток“ во САД, доколку „ByteDance“, кој е сопственик на „Тик-ток“, не го продаде својот удел во компанијата во рок од една година.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на „Тик-ток“, Алекс Хаурек, рече дека планираат да го оспорат овој закон на суд, што би можело дополнително да ги одложи роковите, доколку судот одлучи да го одложи спроведувањето на законот до конечната судска одлука.

Исто така, се поставува прашањето како Кина ќе реагира на оваа ситуација и дали ќе дозволи „ByteDance“ да го продава „Тик-ток“, а особено неговиот алгоритам кој ги задржува корисниците заинтересирани за апликацијата.

Директорот на „Тик-ток“, во видео порака го изразува своето незадоволство посочувајќи дека станува збор за потенцијална забрана која ќе влијае на корисниците на апликацијата и нивната слобода на говор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија11 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија11 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија11 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија11 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија12 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија13 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија14 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија14 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија14 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија14 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија15 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија15 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија15 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија15 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија16 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија16 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија18 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија20 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија21 час

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....