Свет
Стотици имигранти се удавија во Средоземно Море
Стотици илегални имигранти се удавија во Средоземното Море, откако најмалку едно бротче потона, обидувајќи се да стигне до брегот на Италија од Африка, јавува Билд
До сега се пронајдени 21 тело, а 23 преживеани се спасени, соопштува полицијата.Најмалку две бротчиња полни со луѓе се нашле во тешка ситуација само што го напуштиле либискиот брег. Во едниот брод имало 253 патници, а во другиот 365. Двете бротчиња тргнале од Триполи, но не се знае што точно се случило на опасното патување. Жан Филип Чузи, портпарол на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), вели дека бротчињата биле погодени од бура на отворено море.Според Италијанската телевизија, третиот брод со 350 патници е пронајден од италијански танкер, а четвртиот брод, кој се соочил со невремето, се уште не е пронајден.Либиската крајбрежна стража, утрово продолжува со потрагата по преживеани. Повеќе од 400 бегалци вчера пристигнале на јужниот брег на Италија. Дваесетметарски дрвен брод со 249 луѓе, вклучувајќи 31 жена и осум деца, прстигнал на пристаништето во Портопало, на Сицилија во раните утрински часови, соопштуваат италијанските медиуми. Ноќта пред тоа, 153 луѓе биле исфрлени од морето на брегот на друго место на островот. Според Министерството за внатрешни работи на Италија, минатата година околу 36.500 бегалци пристигнале на италијанскиот брег со дрвени бротчиња. Повеќето од нив, го започнуваат своето патување од другата страна на Средозменото Море, во Либија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украински дрон удрил во станбена зграда во Белгород, има мртви
Едно лице загина кога украинско беспилотно летало удри во станбена зграда во рускиот град Белгород и одекна силна експлозија, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.
„Повредена е сопругата на починатиот, има расекотини на лицето и површна изгореница на бутот. Екипата за брза помош ја однела жената во регионалната клиничка болница. Како резултат на експлозијата, за жал, еден човек загина“, објави Гладков, а пренесува Риа Новости.
Друг жител со рана од шрапнел сам отишол во градската болница, додаде тој.
Оштетени се прозорците во пет стана, како и автомобил. Оперативните услуги се на лице место.
Европа
Бремена жена дошла на редовен преглед, лекарите по грешка ѝ направиле абортус во болница во Прага
Во трагичен инцидент претходно оваа недела во Универзитетската болница „Буловка“ во Прага 8 дошло до забуна кај лекарите за две жени што не биле од Прага, а тоа резултирало со абортус на бремена жена без нејзино знаење или желба, пренесуваат тамошните медиуми.
Здравствениот експерт вели дека, освен големата негрижа од страна на персоналот, за шокантниот настан придонела и јазичната бариера.
Кобната грешка се случила на 25 март, јавуваат чешките медиуми. Имено, една трудница дошла во болница на редовен преглед на бременоста. Меѓутоа, медицинските сестри, лекарите, гинеколозите и анестезиолозите ја помешале со друга трудница, која имала закажана киретажа (метод на абортус).
Така, бремената мајка била ставена под општа анестезија и лекарите по грешка ѝ направиле абортус.
„Министерството за здравство изразува најдлабоко жалење до пациентот и целото семејство“, рече портпаролот на Министерството, Онџеј Јакоб, во соопштението за печатот во четвртокот.
„Имаше неопростлива човечка грешка, а одговорните се разрешени“, додаде тој.
Од самата болница за информативниот портал „Новинки.чз“ изјавија дека се подготвени да платат отштета.
Според чешките медиуми, и двете пациентки биле странски државјанки, кои живееле во Чешка.
Официјалните лица не објавија никакви информации за идентитетот на жените.
Регион
Детаљно пребарани тунелите, каналите и шахтите, нема траги од Данка: се огласија српските полицајци
Специјалистички екипи за спасување од урнатини на Секторот за вонредни состојби од Белград и Нови Сад заедно со други припадници на МВР од раните утрински часови темелно ги пребаруваа тунелите, подземните канали и шахтите со вкупна должина од 4,5 километри во месноста Бањско Поле до градот Бор и не се пронајдени траги што би укажувале дека таму била двегодишната Данка Илиќ, пренесуваат српските медиуми.
По повеќе од 70 часа детаљно пребарување на теренот во Бањско Поле, припадниците на Министерството за внатрешни работи продолжуваат со интензивно и оперативно пронаоѓање на девојчето и утврдување сите факти и околности за исчезнувањето на детето, според последните извештаи.
Медиумите потсетуваат, од моментот на пријавување на исчезнувањето на 26 март во потрагата по исчезнатото девојче учествуваа стотина припадници на МВР, кои темелно и сеопфатно го прегледаа поширокиот и потесниот простор на ова место со вкупна површина од 10-ина квадратни километри.