Свет
Најмалку 150 загинати во земјотресот во Италија
Силниот земјотрес од 5,8 степени по Рихтер го срамни со земја градот Лаквило. Бројката на жртвите расте секој час и досега се регистрани 150 загинати, што, за жал, најверојатно нема да биде и конечниот црн биланс
Околу стотина илјади луѓе останаа без покрив над главата по катастрофалниот синоќешен земјотрес што го погооди градот Лаквила во регионот Абруцо 95 километри од Рим. Италијанските медиуми јавуваат дека во текот не понеделникот на секои три-четири минути се чувствувало тресење на почвата. Репортерите јавуваат дека речиси 24 часа трае потрагата по преживеани, а бројката на жртвите се зголемува од час на час. Описите на новинарите се страотни. Во нив се забележува дека средновековниот град со вредно историско и културно значење сега личи на воена зона. Некои од селата во близина на Лаквила биле срамнети со земјата. Жителите и спасувачките екипи се трудат што побрзо да стигнат до оние што останале затрупани под урнатините. Најмногу спасувачи има околу универзитетсткиот кампус, каде што не се знае точниот број на студентите што престојувале во моментот на несреќата.Медицинската помош се пружа во имрповизирани операциони сали, бидејќи по земјтресот останала функционална само една од салите во локалната болница. Во 3.30 часот утрината, кога се случил земјотресот, жителите на Лаквила спиеле и воопшто не биле свесни што се случува. Тресењето траело само триесетина секунди.Во оваа катастрофа слична на онаа што ја доживеаја скопјани во 1963 година, а според се’ уште непотврдени информации од Министерството за надворешни работи, животот го загубиле Рефик Асани (44), Валбона Османи (13), Зејнула Алејна (11), додека идентитетот на четвртата жртва уште не е увтрден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.