Свет
Во Италија регистрирани десетина илјади повторни потреси по земјотресот

Околу 10.000 вторични потреси се регистрирани во регионот на разурнувачкиот земјотрес во италијанската провинција Абруцо од пред една недела, во кој загинаа приближно 300 лица, соопштил денеска директорот на националниот Институт за геофизика Боши
Енцо Боши забележал дека сите вторични потреси биле регистрирани во повторно активираната сеизмичка зона во централните региони. Поголем дел од нив биле со магнитуда на ударот од под еден срепен според Рихтеровата скала и биле измерливи само преку мерните уреди, но илјада од нив биле со јачина поголема од 2,5 степени, прецизира тој, пренесува Франс прес.Боши нагласил дека земјотрес од три степени или повеќе не бил регистриран веќе 60 часа. Тоа, меѓутоа, не значи дека нема да има нови такви потреси, предупредил Боши.„Статистички гледано, не исклучуваме, туку напротив, претпоставуваме дека се можни и малку посилни земјотреси“, генерализирал Боши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Француски министер: За влез на Украина во ЕУ ќе бидат потребни 15 или 20 години

За влез на Украина во Европската унија ќе бидат потребни најверојатно 15 или 20 години, рече францускиот министер за европски прашања, препорачувајќи Киев во меѓувреме да се приклучи на Европската политичка заедница, како што предложи претседателот Макрон.
„Треба да се биде искрен. Ако кажеме дека Украина ќе влезе во ЕУ за шест месеци, година или две, тоа е лага. Тоа не е вистина. Поверојатен е период од 15 или 20 години, а тоа е многу долг период“, рече Клеман Бон за Радио Ј.
„Не сакам на Украинците да им се продаваат илузии и лаги. Ако на Украинците им се каже ‘Добредојдовте во ЕУ, но не сте ги прочитале ситните букви на крајот на договорот, тоа е всушност за 15 години’, мислам дека ќе разочараме цела генерација Украинци. Во меѓувреме, на Украинците им должиме политички проект во кој можат да влезат“, рече Бон.
Европската политичка заедница, предложена од претседателот Макрон, е комплементарна на ЕУ и може да понуди политички и конкретен проект за земјите кои не се во срцето на Европската унија, а сакаат да се доближат до неа, рече тој.
„Но, тоа не значи дека вратата е затворена, напротив, таа е отворена“, додаде Бон, укажувајќи на придобивките како што се слободното движење во Европа и делумните придобивки од европскиот фонд за реконструкција или можеби заедничка енергетска политика.
Прашањето за проширување на Унијата со Украина, Грузија и Молдавија создава контроверзи и несогласувања во ЕУ.
Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба во четвртокот го осуди второкласниот третман што доаѓа од, како што рече, некои престолнини, кога станува збор за кандидатурата на Украина за влез во ЕУ.
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави во четвртокот дека не е склон кон тоа на Украина да ѝ се одобри приклучување кон Европската унија по скратен пат, бидејќи процесот на пристапување не е прашање на месеци или години.
Европа
Сопругата на Зеленски: Никој нема да ми го одземе, па дури ни војната

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, даде интервју за украинската Рада ТВ со нејзиниот сопруг Володимир Зеленски.
Ова е само втор пат двојката да биде видена заедно од почетокот на војната, бидејќи Зеленска е скриена поради безбедност.
„Најлошата мака е војната што започна. Не можам да кажам дека нешто значајно се променило од почетокот на оваа војна. Володимир беше и останува сигурен човек. Неговото гледиште не се промени. Нашето семејство, како и сите украински семејства, сега е раздeлено“, рече Зеленска и додаде:
„Никој нема да ми го одземе сопругот, дури ни војната. Тој живее на работа, едвај го гледаме. Воопшто не сме го виделе два и пол месеца, само разговараме на телефон. Досега имавме неколку шанси да се видиме“.
Европа
(Видео) Блинкен му посвети песна на Путин: „Никогаш нема да се помириме“

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера одржа говор на церемонијата на дипломирање на Универзитетот Џорџтаун. Но, тој се осврна и на односите меѓу Америка и Русија и му испрати порака на рускиот претседател Владимир Путин – со песна, пренесуваат американските медиуми.
Откако им се обратил на студентите, Блинкен решил да му се обрати на рускиот лидер, поради што му посветил песна од американската поп ѕвезда Тејлор Свифт.
⚡️🇺🇸US Secretary of State Antony Blinken joked that he would like to dedicate Taylor Swift's song "We Are Never Ever Getting Back Together" to Russian President Vladimir Putin, hinting that the U.S. is not currently planning to improve relations with Russia. pic.twitter.com/p6jOuryZAO
— Ukraine Now Media (@UkraineNowMedia) May 22, 2022
„Моите соработници не ми дозволија да донесам гитара овде за да му ја посветам изведбата на песната „We Are Never Ever Getting Back Together“ на рускиот претседател Владимир Путин. Ми рекоа дека тоа е недипломатско“, рекол Блинкен.
Од почетокот на војната во Украина, американскиот државен секретар дава силна поддршка за Украина, истовремено осудувајќи ги постапките на Русија, анализираат медиумите.
„Морам да ви кажам неколку работи во кои сум сигурен. Прво, независна Украина ќе трае многу подолго отколку што ќе трае Владимир Путин. Вака или онака, Украина ќе биде таму, а Путин во еден момент нема. Се надевам дека оваа војна ќе заврши порано отколку подоцна, така што смртта и уништувањето не можат да продолжат“, изјавил неодамна Блинкен.