Свет
Нов семеен масакр во САД
Во градчето Мидлтаун во сојузната американска држава Мериленд, се сличил нов случај на повеќекратно убиство и самоубиство, од бранот семејнинмасакри шти ги зафатија САД. Овојпат плицијата нашла тела на петмина членови на едно семејство
Мажот одентификуван како34-годишниот Кристофер Вуд, според полицијата ја убил сопругата и трите деца на восраст од две и до четири години, па потоа се самоубил.Двете момчиња на две и четириодишна возраст, синовите на Вуд, биле најдени во нивните креветчиња, а телото на петгодишната ќерка било најдено до телото на 33-годишната мајка Френсис Билоти Вуд, на креветот во спалната соба. До креветот бил пронајден телото на таткото со рана од пушка во слепоочницата. Телата на членовите на семсјтвото Вуд ги нашол таткото на Френсис, кој отишол да ги види затоа што не ги слушнал неколку дена.Талата биле однесени на аутопсија во Балтимор.Според шерифот на округот Фредерик во Мериленд, Чарлс Џенкинс, Вуд си ја нанесол самиот смртоносната повреда од огнено оружје. Притоа шерифот рекол дека некои од членовите на семејството имале длабоку убодни рани, што насочува на тоа дека можеби биле заклани. Шерифот Џенкинс рекол дека за времето на неговата долга кариера не може да се сети дека последните две децении се случило некое вакво грозоморзно убиство во вој град северно од Балтирмор.Локалните американски медиуми пренесуваат дека биле најдени најмалку пет проштални писма на Кристофер во куќата. Биле пронајдени и пушката и ножевите со кои како што верува полицијата биле убиени жртвите, и пиштол со калибар 25 м.Полицијат направила повеќе од 50 разговори, а една од соседките рекла дека Френсис била добра домаќинка и дека редовно ја посетувале локалната црква. Таа израснала во градот, а семејстовот пред четири месеци се вратило по престој во Флорида.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.