Контакт

Свет

Авганистан очекува двојно да го зголеми бројот на полицајци

Објавено пред

Авганистан очекува двојно да го зголеми бројот на припадниците на своите полициски сили

Бројката авганистански полицајци сега изнесува 82 илјади, а во меѓувреме ќе регрутира и обучи 15 илјади нови членови до претседателските избори закажани за 20 август, соопшти денеска авганистанскиот министер за внатрешни работи Ханиф Атмар.Тој посочи дека авганистанските власти побарале од меѓународните донатори да одобрат „стратешко зголемување“ на обемот на полициски сили, чиј целосен број ќе биде објавен во јуни по деталните студии за потребите на Авганистан, пренесуваат агенциите.Стратешката ревизија на авганистанската полиција, која ја направи новата администрација на американскиот претседател Барак Обама, бара зголемување на бројот на полицајците во таа земја, но не прецизира колкав треба да биде нивниот број.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Хрватска погодена од силно невреме, во Дубровник ветерот достигна 143 километри на час

Објавено пред

Хрватска е погодена од невреме, кое создава големи проблеми во сообраќајот, посебно на приморјето каде дува многу силен ветер, информираат локалните медиуми.

На Јадранската магистрала можни се одрони, па возачите се предупредуваат да ја прилагодат брзината на условите на патот.

На терен се и пожарникарските служби кои интервенираат поради паднати стебла на сообраќајници во Дубровник и околината на градот.

Во текот на денот во Дубровник брзината на ветрот достигна и 143 километри во час.

Oд бурата паднала и фасада на училиште во Сплит, пренесе хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Невремето предизвикува проблеми и за населението во подрачјето на Шибеник, каде во одредени подрачја наврнаа дури 30 литри дожд на метар квадратен.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Дијалогот со Приштина ќе продолжи кога ќе се укинат таксите

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Париз изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон на денешниот состанокот со него и со претседателот на Косово, Хашим Тачи, сакал да ја покаже посветеноста на ЕУ кон Косово како проблем на европско тло и го повтори ставот на Србија дека дијалогот може да се продолжи доколку Приштина ги укине таксите.

На прашањето на новинарите дали Макрон со оваа ненадејна средба сакал да се вклучи во решавањето на косовското прашање и да ги врати двете страни во дијалог што поскоро, Вучиќ рече дека нема сомнеж оти Франција и Европа сакаат да играат голема улога по ова прашање, почитувајќи ги Американците и сите други.

„Францускиот претседател го изјави ова пред сè, мислејќи на себе и на германската канцеларка, како и на европските институции. Макрон сакаше да слушне за ситуацијата на тој ненајавен состанок, а јас бев реален, малку песимистички, отворен и ја кажав вистината“, истакна српскиот претдседател.

Прикажи повеќе...

Свет

Напаѓач со опасна хемикалија испрскал 51 дете во градинка во Кина

Објавено пред

Во градинка во југозападна Кина повредени се 51 дете и тројца воспитувачи откако напаѓач ги испрскал со натриум хидроксид.

Кинеската новинска агенција „Синхуа“ објави дека сè се случило во понеделникот попладне во градинка во провинцијата Јунан и додава дека две лица се здобиле со сериозни повреди.

Напаѓачот, идентификуван само како Конг, бил уапсен еден час по нападот.

Полицијата соопшти дека тој наводно сакал да му се одмазди на општеството со овој чин.

Натриум хидроксид, познат и како камена сода, се користи за производство на продукти како сапун, хартија и разни бои, забележува Си-ен-ен.

Изложеноста на ова соединение може да доведе до изгореници и иритација на очите и кожата, а можни се и алергиски реакции, како и привремено опаѓање на косата.

Си-ен-ен потсетува дека во октомври минатата година, жена прободе 14 деца во градинка во централна Кина, додека една година претходно, 11 деца беа повредени кога маж ги нападна со нож исто така во градинка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Холандија го ратификува протоколот за НАТО

Холандскиот сенат попладнево го ратификува протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, соопшти министерот за надворешни работи, Никола Димитров....

Економија3 часа

(Видео) За борба против аерозагадувањето предвидени 1,6 милион евра во буџетот за 2020

Растот на платите и пензиите, растот на вработеноста, намалувањето на невработеноста и големата социјална заштита на ранливите категории в година...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Макрон ми кажа дека никогаш немал намера да ни нуди алтернатива

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Париз оствари средба со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата беа разменети мислења за...

Македонија5 часа

Ешерихија коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари,...

Топ7 часа

Загина пешак на патот Крива Паланка – Куманово

Шеесет и седумгодишен маж од кривопаланечкото село Градец почина кога вчера во него удри автомобил на магистралниот пат Крива Паланка...

Македонија7 часа

Владата ги повлече најавените измени на Законот за јавните собири

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавните собири. Од владината прес-служба информираат дека ги слушнале забелешките на граѓанските организации за...

Македонија7 часа

Таткото на Боки 13 призна дека го тепал попот, пресуда в понеделник

Обвинетиот Миле Јовановски, татко на неформалниот сопственик на „1ТВ“, Бојан Јовановски, утрово во судот призна дека е виновен оти го...

Регион7 часа

Ердоган со нова закана: Ќе ви испратам терористи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди ЕУ дека неговата држава би можела да ги ослободи припадниците на Исламска држава...

Македонија9 часа

Собранието ќе избира заменик-министер за здравство

На денешната седница во Собранието треба да биде избран нов заменик-министер за здравство. Владата го предлага Арменд Арслани, кој е...

Свет9 часа

Џими Картер хоспитализиран поради крвавење во мозокот

Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање....

Регион9 часа

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните

Во Црна Гора се појави ретка болест којашто ја пренесуваат животните. Паразитското заболување лајшманиоза коешто го пренесуваат комарците, се појави...

Македонија20 часа

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет21 час

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија1 ден

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

Забрана за работење на компанијата што го загадуваше воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани. Инспекторатот на...

Македонија1 ден

Заев: Жал ми е ако обвинетиот добие казна бидејќи има малолетни деца, но таа вечер други деца можеа да останат без родител

„Му се извинувам и на премиерот и на сите загрозени таа вечер во Собранието на 27 април 2017 година. Бев...

Македонија1 ден

Одговорните и натаму бараат решение за најопасниот отпад што се чува во ОХИС

Винилхлоридот, една од најопасните материи, се чува на специјална температура, под 20 степени, затоа што е лесно запалива. Има физичко...

Македонија1 ден

Тимоние: До крајот на годината Франција ќе го ратификува протоколот за НАТО

Франција до крајот на годината ќе го ратификува протоколот за членството во НАТО, изјави францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние. Одговарајќи на...

Македонија1 ден

Анализите покажаa метил акрилат мономер, но не во воздухот, туку во цевките

Во воздухот нема отровни супстанции, покажаа анализите на штипскиот универзитет по истекувањето во фабриката ОХИС. Траги од метил акрилат мономер...

Досие