Свет
Бандити убиле 8 мексикански полицајци во акција за ослободување на шефот
Осум мексикански полицајци се убиени во напад на конвој во кој биле превезувани девет маѓи уапсени за трговија со дрог, меѓу кои бил и човекот кого го сметаат за лидер на еденод најголемите нарко картели
Конвојот бил нападнат при излегувањето од аеродромот во градот Тепико, додека одел кон тамошниот затвор. Осумината полицајци биле убиени во престрелката, но сепак нападот на ганстерите бил одбиен, соопштило мексиканското министерство за јавна безбедност, без да соопшти дали меѓу напаѓачите ум убиени. Во конвојот бил и Херонимо Гомез Гарсија, кого го сметаат за водач на еден од најголемите мексикански нарко-картели на браќата Белтран-Леива.Во борбата на мексиканските банди за превласт врз пазарот на дроги и илегалната трговија со кокаин во САД, од 2008 г. досега се убиени повеќе од 5.300 лица, а според официјалните податоци само две илајди во првите три месеци од годинава. Убиствата се карактеризираат со брутални масакри, мачења и унакажувања жртвите. Бандитите се осилени толку што дрско ги напааѓаат и полицајците и нивните семејства, како и војниците, кои досега бележат повеќе о дстотина жртви.По наредба на мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон, 36 илјади полицајци и војници се ангажирани во борбата против наркокартелите. Во четвртокот, при посетата на Мексико, америакнскиот претседател Барак Обама потврди дека САД ќе го помагаат Мексико во оваа војна, и на мексиканска и на американска територија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.