Свет
Изворот на заразата е свинска фарма во американска сопственост?
Се претпоставува дека мексиканското село чии жители биле заразени со вирусот уште во февруари е првата заедница од која инфекцијата на свинскиoт грип се прошири низ светот
Локалната власт во Веракруз, ги потврдила случаите на свински грип во селото Ла Глориа, каде е заболено едно 4-годишно дете. Речиси бебето Едгар Ернандез е најмладиот заразен со вирусот од свинскиот грип, кој досега најмногу ги напаѓаше оние од 20 до 45-годишна. Малиот Едгар е излечен и преживеал, но две бибиња од истотo село, за жал починале. Инаку, се смета дека токму во Мексико се корените на вирусот на досега познатиот тип свински грип. Во регионот на Веракруз повеќе од 400 лица побарале медицинска помош. За мексиканските лекари не е сосема јасно дали во овие случаи се работело за свински грип. Но мексиканската влада изразила сомнeвање во првичните дијагнози дека во прашање е обичниот H2N3 вирус на грип, затоа што еден од примероците кои биле пратени во американските лаборатории на испитување бил позитивен на тестирањето за свински грип. „Еден од примероците од сите слуачи во Ла Глориа е задржан, и тоа токму од 4-годишното дете“, изјавил за агенциите мексиканскиот министер за здравство Хозе Анхел Кордова. Покрај овој наод, Кордова додал дека има и други позитивни приемроци кои биле тестирани во американските лаборатории. Претходно мексиканската влада соопшти дека бебињата во Веракруз умреле од обичен грип и дека нема да бидат ексхумирани нивните тела за да се испита дали причинител на нивната смрт е вирусот на свинскиот грип. Од американската свинска фарма која е оддалечена 20 километри од селото Ла Глориа изјавиле дека кај свињите не се најдени клинички симптоми на грип, а дека ниту такви симптоми имало кај вработените. Најголемата американска компанија за производство на свинско месо Smithfield Foods, чија е фармата, вели дека соработува со мeксиканските здравствени власти во утврдувањето дали евентуален извор на заразата е фармата на нивната мексиканска филијала Granjas Cаrroll и дека примероците ќе ги достави до мексиканскиот универзитет. „Според податоците со кои располагаме, Smithfield нема причини да верува дека вирусот е поврзан со неговото работење во Мексико“, стои во официјалното соопштение на компанијата. Соопштението е издадено откако мексиканското министерство за здравство изразило сомневање дека отпадот од фармата на Granjas Cаrroll е причинител на заразата. Мексиканските медиуми се повикуват на извори од тамошната влада според кои роеви муви ја ширеле заразата а доаѓале од шталите и отпадните вирови во кои биле исфрлани тони измет. Свинскиот грип може да се добие во директен контакт со свињите, но не е познато дали контактот со изметот или со мувите кои го полазиле може да предизвика заразување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.