Свет
Обама бара пари од Конгресот за вакцина, СЗО на чекор до 6-ката

Обама во своето редовно седмично радиско обраќање, рекол дека нацијата треба да биде подготвена за влошување на ситуацијата. Светската здравствена организација СЗО) на чекор до 6-от степен на опасност
Барак Обама изјавил дека до Конгресот упатил барање за итно одобрување на 1,5 милијарда долари кои треба да бидат потрошени за добивање вакцина со која ќе се превенира епидемијата од вирусот А(H1N1). Во оваа сума, според Обама се вкалкулирани и парите што се наменети за производство на дополнителни дози од во моментов најефикансите лекови „тамифлу“ и „реленц“. Обама предупредил дека многу се потребни дополнителни мерки со кои треба да се спречи неконтролираното ширење на заразата што би предизвикало многу поопасна ситуација отколку што е сега.Сепак, по краткотрајниот оптимизам, вчера и експертитете од Светската здравствена организација повторно потенцираат дека пандемијата од новиот тип вирус на грип е неизбежна. Во тој случај, СЗО најавува дека набрзо степенот на опасност може да биде подигнат на највисокото ниво – 6. Инаку, уште во средата степенот на опасност беше ставено на 5-то ниво, само неколку дена откако се јавија првите слуачи на зараза во САД и во Европа. Подигнувањето на опасноста на 6-ти степен ќе биде прогласено доколку се докаже дека вирусот се шири надвор од Северна Америка, велат извори од СЗО. Експерите сметаат дека е многу реална можноста тоа да се случи, но се надеваат дека нема да дојде до тоа, пренесуваат светските агенции.Американските медиуми објавија дека според мексиканските власти од новиот тип вирус во Мексико умреле досега само 16 лица, а дека помалку од половината сомнителни слуачи при повторното тестирање биле позитивни на свинскиот грип од вкупната бројка кој беше споменува претходно од околу 2.600 заразени. Но, сепак, станува збор за официјално потврдени случаи, и ниту еден медиум нема потврда дека тоа е вистинската бројка.Светската здравствена органзиација во саботата попладне соопшти дека се потврдени 615 случаи на заболување предизвикано со вирусот H1N1, што исто така е шпекуалтивно бидејќи некогаш во извештаите се споменува овој тип а некогаш наводно новиот означен како А(H1N1). Вирусот е потврден во 15 држави, а последните потврдени слуачи се во Италија, Ирска, Хонгконг, Данска, Франција и Јужна Кореа. Викендов се потврдени нови случаи на зараза со новиот тип грип и во државите каде претходно беше регистриран, како Мексико, САД, Канада, Велика Британија, Германија, Австрија, Швајцарија, Холандија, Шпанија, Израел и Нов Зеланд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Гамалеја“ разви вакцина за нови варијанти на коронавирусот

Рускиот истражувачки центар „Гамалеја“ разви вакцина која ќе штити од нови варијанти на омикрон сој на коронавирусот, кој е создаден на истата платформа како Спутник V, изјави денеска директорот на таа институција, Александар Гинзбург.
Вакцината, објасни тој, содржи подсеквенци на соевите делта и омикрон и се претпоставува дека треба добро да штити од овие соеви, како и од варијантата BA.5.
„Оваа вакцина е направена на истата платформа како Спутник, така што ќе се вика, а ќе се смени само антигенскиот состав, дури и погрешно е да се нарече нова вакцина, бидејќи и вакцината против грип секоја година има нов антигенски состав. но никој не го нарекува новиот“ – изјави Гинзбург за „РИА Новости“.
Тој истакна дека клиничките испитувања, доколку се спроведат според сегашната легислатива, ќе траат до шест месеци и дека дотогаш веќе може да има нова варијанта на омикрон или друг вид, и изрази уверување дека постапката што се користи за вакцината против грип треба да да се користи и дека трае три месеци.
Во август 2020 година, руското Министерство за здравство ја регистрираше првата вакцина против коронавирусот во светот, Спутник Ве.
Во Русија беа развиени и вакцините EpiVachorona, KoviVac, Sputnik Light, EpiVachorona-N, Konvasel и Gam-COVID-Vak-M за адолесценти.
Свет
Блинкен: Загрижени сме дека ДНР ќе покрене обвинение против Хрват, Британец и Швеѓанец

Властите на САД се загрижени дека Врховниот суд на Народна Република Доњецк (ДНР) би можел да покрене обвинение против еден хрватски, тројца британски и еден шведски државјанин, напиша на Твитер американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.
Според руски извори, станува збор за членови на националистичкиот баталјон Азов или други „паравоени“ формации.
„Загрижени сме поради извештаите за обвинувања против британски, шведски и хрватски граѓани од нелегитимните власти во источна Украина. Русија и нејзините полномошници имаат обврска да го почитуваат меѓународното хуманитарно право, вклучувајќи ги правата и заштитата дадени на воените затвореници“ – напиша Блинкен.
We are concerned by reports of British, Swedish & Croatian nationals being charged by illegitimate authorities in eastern Ukraine. Russia and its proxies have an obligation to respect international humanitarian law, including the rights & protections afforded to prisoners of war.
— Secretary Antony Blinken (@SecBlinken) August 13, 2022
Регион
Ненад Калуѓеровиќ спречил уште пострашно сценарио на Цетиње, тој е убиецот на Вук Бориловиќ

„Новости“ дознава дека убиецот Вук Бориловиќ, кој вчера изврши незапамтен масакр во Цетиње (Црна Гора) немал криминално минато, а бил вработен како келнер во Националниот парк Ловќен и имал три деца. Бил страствен ловец.
По кавгата што ја имал со потстанарите, според информациите, отишол вооружен со ловечки карабин.
Бориловиќ бил подготвен на уште поголем масакр доколку не бил спречен од соседот Ненад Калуѓеровиќ. Ова го потврди и дежурниот обвинител.
Засега Калуѓеровиќ не е уапсен и се уште не е јасно како се ќе се квалификува неговото дело.
View this post on Instagram
На социјалните мрежи Црногорците во него заштитник кој не дозволил да се пролее уште крв на улиците во Цетиње.
Инаку, во Клиничкиот центар на Црна Гора се хоспитализирани четири лица, повредени во вчерашната трагедија во Цетиње, од кои едното е во критична состојба и е на интензивна нега.
Како што информираат од КЦЦГ, еден пациент е надвор од животна опасност, како и двајца други пациенти во болницата во Цетиње.
Соопштија дека еден од пациентите во е стабилен, надвор од животна опасност и е сместен на Клиниката за неврохирургија.
„Вториот пациент по приемот е третиран хируршки, има повреди на мозочните структури и коскените структури на главата и градниот кош, загрозен му е животот и се наоѓа на Централното одделение за интензивна нега. Третиот пациент има абдоминална повреда. хируршки е третиран орган, главно црн дроб и е под интензивна терапија и мерки за следење, кој исто така е сместен на одделението за интензивна нега.Четвртиот пациент има повреди на вратот, градниот кош, отворена фрактура на десната надлактица, исто така оперативно третирана и се уште бара лекување на одделението за интензивна нега“ – соопштија од КЦЦГ.