Свет
Репортери без граници бараат слобода за три новинарки
Меѓународната организација за заштита на новинарите со седиште во Франција, Репортери без граници по повод меѓународниот ден на слобода на медиумите бара ослободување на Роксан Сабери, Јуна Ли и Лора Линг
Репортери без граници повикаа на голем собир денеска попладне во Париз, пред амбасадата на Иран во Франција, од кој, на иранските власти ќе има биде врачена петиција за ослободување на Роксана Сабери.Сабери е двојна државјанка,америакнска и иранска беше уапсена во јануари а во април беше осудена за шпионажа во полза на САД. Сабери најпрво беше обвиента дека работела „на црно“,бидејќи нејзината новинарска акредитација истекла уште во 2005 г. а подоцна иранскиот Врховен суд ја осуди за шпионажа.Новинарската организација повика и на итно ослободување на двете новинарки на ТВ мрежата Карент, Јуна Ли и Лора Линг затворени во Пјонгјанг на 17 март годинава.Тие беа обвиенти дека иелгално влегле во Сверна Кореа од Кина каде во пограничната зона правеле репортажа за севернокорејските бегалци. Тие се обвиенти дека снимале и собирале податоци за граничните објектио на севернокорејската армија, а нивните колеги сметаат дека границата е многу слабо одбележана и лено минлива што било и предмет на нивнаат репортажа.„Роксана Сабери, Јуна Ли и Лора Линг се професионални новинарки, а не шпионки и злосторнички. Затворајќи ги, Иран и Северна Кореја ги претворија слободата на печатот и на информирањето во заложници“, се вели во соопштението на Репортери без граници. Ианку, четири членови на Репортери без граници од 28 април штрајкуваат со глад во знак на поддршка на Сабери, соопшти организацијата, додавајќи дека слични акции ќе бидат преземени денеска и во Канада, САД, Велика Британија, Белгија и Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Разузнавачки извор за „Си-ен-ен“: Директните напади меѓу Израел и Иран завршија
Регионален разузнавачки извор рече дека директните напади меѓу Израел и Иран се завршени.
Изворот разговарал за Си-Ен-Ен под услов да остане анонимен околу два и пол часа по објавувањето на нападите. Изворот вели дека, според неговите сознанија, не се очекува Иран да одговори на нападот, но не наведе причина.
Претходно и висок ирански функционер изјави за Ројтерс дека „Иран нема план за итна одмазда против Израел“.
Израел се уште не потврдил дека го извршил нападот врз Иран, а тврдењата за нападот дојдоа од Вашингтон.
Од друга страна, од Иран доаѓаат контрадикторни информации, но нема официјален извештај.
Пред само еден час, ирански аналитичар изјави за иранската државна телевизија дека „мини-дроновите соборени од противвоздушната одбрана во Исфахан биле управувани од инфилтратори од Иран“.
Претходно, пак, ирански функционер изјави за Ројтерс дека немало ракетен напад и дека експлозиите биле резултат на активирање на иранските системи за противвоздушна одбрана.
Свет
Украина тврди дека соборила руски бомбардер
Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле руски стратешки бомбардер првпат од почетокот на руската инвазија, а Москва објави дека авионот се урнал поради технички дефект и дека еден член на екипажот загинал.
„Првпат противвоздушните ракетни единици на Военото воздухопловство во соработка со одбранбеното разузнавање на Украина го уништија стратешкиот бомбардер со долг дострел ‘ту-22М3’, кој носи крстосувачки ракети ‘Х-22’“, изјави командантот на украинските воздухопловни сили на „Телеграм“.
Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) соопшти дека рускиот авион „бил соборен благодарение на специјалната операција спроведена од украинското одбранбено разузнавање во соработка со воздухопловните сили“.
Руското Министерство за одбрана не потврди дека украинската страна нападнала еден нејзин авион, но воен извор изјавил за новинската агенција ТАСС дека бомбардерот „туполев-22М3“ се урнал во регионот Ставропол по борбена мисија додека се враќал во базата. Според овој извор, авионот не носел оружје.
Свет
САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН
Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како членка на ОН“.
Воздржани беа Велика Британија и Швајцарија, а „за“ гласаа Словенија, Сиера Леоне, Русија, Јужна Кореја, Мозамбик, Малта, Јапонија, Франција, Гвајана, Еквадор, Кина и Алжир.
Претходно вчера, заменик-портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, потврди дека Вашингтон ќе стави вето на гласањето во Советот за безбедност на ОН наведувајќи дека нема едногласно мислење меѓу членовите на комитетот за тоа дали Палестинците ги исполнуваат критериумите неопходни за да бидат дефинирани како држава.
Палестинската управа (ПА) го осуди потегот нарекувајќи го „нефер, неетички и неоправдан“.
Кабинетот на претседателот на палестинската управа, Махмуд Абас, го нарече американското вето „еклатантна агресија …туркање на регионот преку работ“.
Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, го пофали американското вето додавајќи: „Срамниот предлог беше отфрлен. Тероризмот нема да биде награден“.