Свет
САД ги обновија санкциите против Сирија

Американскиот претседател Барак Обама ги обнови санкциите против Сирија, за која Вашингтон смета дека ги поддржува екремистичките движења во регионот.
„Претседателот оцени дека е неопходно да се преземат таквите мерки. Не станува збор за нови санкции’, изјави синоќа портпаролот на американскиот Стејт Департмент Роберт Вуд.„Ова покажува дека отсекогаш сме биле сериозни вознемирени поради однесувањето на Сирија и нејзиното дејствување во светот’, додаде Вуд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Ветер сруши сцена на музички фестивал во Шпанија, едно лице загина

Едно лице загина, а најмалку 17 се повредени кога силниот ветер урна дел од структурата на сцената на музички фестивал во источна Шпанија, соопштија регионалните служби за итни случаи.
Несреќата се случила во раните утрински часови на големиот фестивал на електронска музика „Медуза“, кој започна во петокот и беше планирано да трае шест дена во градот Кулера на источниот брег, јужно од Валенсија, пренесува „Ројтерс“.
Околу четири часот утринава силните налети на ветерот донесоа делови од градбата врз присутните, а падна и голема табла на влезот.
El escenario se viene abajo #medusa #medusafestival pic.twitter.com/mMSJwxFhCz
— Guille (@Guillealbang) August 13, 2022
28 годишен млад маж починал како последица од паѓање на делови од конструкцијата, а најмалку 17 лица се повредени, од кои тројца со тешки трауми, објавија на Твитер регионалните служби за итни случаи.
Организаторите на фестивалот соопштија дека, заради безбедност на посетителите, настанот е откажан поради лошите временски услови.
Европа
Столтенберг: Стабилноста на Западен Балкан е долгорочна стратешка цел на Алијансата

„НАТО е подготвен да продолжи да ги поддржува партнерите кои можат да бидат изложени на малигно влијание и притисок, со цел да се зајакне нивната отпорност. Ве уверувам дека Северноатлантската алијанса (НАТО) силно го поддржува евроатлантскиот пат на Босна и Херцеговина. Алијансата ќе продолжи да соработува со вашата земја и со другите меѓународни партнери за да се зачува стабилноста и да се промовираат реформите во Босна и Херцеговина“.
Ова е одговорот од Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО на писмото упатено од Бисера Турковиќ, министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина.
Столтенберг одговори на писмото на Турковиќ во кое таа го информира за предизвиците со кои се соочува Босна и Херцеговина во врска со актуелните настани во Европа и регионот.
„Руската агресија врз Украина суштински ја поткопува европската безбедност. Затоа НАТО е подготвен да продолжи да ги поддржува партнерите кои можат да бидат изложени на малигно влијание и притисок, со цел да се зајакне нивната отпорност. Како што знаете, НАТО развива збир на мерки, специјално прилагодени за Босна и Херцеговина, во согласност со вашите потреби“ вели Столтенберг.
Тој изрази загриженост поради сепаратистичката реторика и активности кои се закануваат да го поткопаат успехот на Дејтонскиот мировен договор.
Свет
„Гамалеја“ разви вакцина за нови варијанти на коронавирусот

Рускиот истражувачки центар „Гамалеја“ разви вакцина која ќе штити од нови варијанти на омикрон сој на коронавирусот, кој е создаден на истата платформа како Спутник V, изјави денеска директорот на таа институција, Александар Гинзбург.
Вакцината, објасни тој, содржи подсеквенци на соевите делта и омикрон и се претпоставува дека треба добро да штити од овие соеви, како и од варијантата BA.5.
„Оваа вакцина е направена на истата платформа како Спутник, така што ќе се вика, а ќе се смени само антигенскиот состав, дури и погрешно е да се нарече нова вакцина, бидејќи и вакцината против грип секоја година има нов антигенски состав. но никој не го нарекува новиот“ – изјави Гинзбург за „РИА Новости“.
Тој истакна дека клиничките испитувања, доколку се спроведат според сегашната легислатива, ќе траат до шест месеци и дека дотогаш веќе може да има нова варијанта на омикрон или друг вид, и изрази уверување дека постапката што се користи за вакцината против грип треба да да се користи и дека трае три месеци.
Во август 2020 година, руското Министерство за здравство ја регистрираше првата вакцина против коронавирусот во светот, Спутник Ве.
Во Русија беа развиени и вакцините EpiVachorona, KoviVac, Sputnik Light, EpiVachorona-N, Konvasel и Gam-COVID-Vak-M за адолесценти.