Свет
Нови цивилни жртви на американските напади во Авганистан
Американската армија потврди дека во борбите во западен авганистан има цивилни жртви. Претседателот Карзаи денеска повика на запирање на американските воздушни напади во границите на државата
Авганистанските валсти денеска примиле листа со имиња на вкупно 147 цивили од авганистанската провинција Фар, каде велат дека се бомбардирани цивилни домови, во кои има и деца и жени. Штабот на америаканските војски денеска издаде заедничко сопштение со авганистанската влада во кое потврди дека меѓу жртвите во воздушните напади има и цивили. Натаму, во соопштението се нагалсува дека бројката на цивилните жртви не е можно да биде утврдена затоа што поголемиот дел од нив веќе биле погребани. Денешниот инцидент предзивика големо негодување на авганистанската јавноста за се’ поголемата бројка цивилни жртви од американските воздушни напади, што дополнително ги оптоварува односите меѓу Кабул и Вашингтон. Тоа ја фрли во сенка и средбата меѓу двата претседатела, Барак Обама и Хамид Карзаи седмицава во Вашингтон. И во таа пригода, Карзаи за американските медиуми изјави дека терористите не можат да бидат поразени со воздушни напади, и дека тие не треб ада се бараат во авганистанските села. Некои американски аналитичари сметаат дека ова може да предизвика слична ситуација како во соседниот Пакистан, каде се засилува авторитетот на исламистичките радикални движења.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.