Свет
Новинарката Сабери пуштена од иранскиот затвор
Иранскиот суд ја намали осумгодишната затворска казна за новинарката Роксана Сабери, осудена за наводна шпионажа во полза на САД
На американско-иранската државјанка и дописничка на BBC и американската национална мрежа NPR, 32-годишната Роксана Сабери и’ е намалена казната на две години условно и во понеделникто е пуштена од затоворот. Сабери беше прво уапсена затоа што наводно купувала алкохол и дека работела илегално со истечена новинарска акредитација, а потоа беше и обвинета за шпионажа. САД жестоко реагираа на оваа пресуда, како и сите професионални новинарски организации, а случајот придонесе за нови тензии на релација Вашингтон – Техеран .Одлуката ја донесол иранскиот апелациски суд со пресуда во која стои дека САД и Иран не се држави кои може да се дефинираат како меѓусени непријатели.На 20-ти април, ден откако во Техеран Сабери беше осудена на осум години затвор, иранскиот претседател рече Махмуд Ахмадинеџад дека треба да и’ бидат обезбеднени сите правни средства за одбрана.„Ве молам да ги преземете сите потребни мерки на обвинетите да им бидат обезбедени сите права и слободи во нивната одбрана“, се обрати до судот тогаш иранскиот претседател.Сабри беше упасена во јануари под обвинение дека недозволено купувала алкохол, па потоа беше обвинета за шпионажа и дека нејзината работна дозвола истекла уште во 2006 г., па во Иран престојувала илегално.Овој потег на иранскиот претседател беше толкуван дека случајот Сабери го исфабрикувала тврдата струја во иранската политика, која по неколкуте позитивни реакции на Вашингтон и попуштање на тензијата меѓу двете држави, повторно предизвика затегнување на меѓусебните односи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.