Свет
Новинарката Сабери имала извештај за подготовките на САД за напад врз Ирак?

Американската новинарка од иранско потекло Роксана Сабери имала копија од извештајот на иранскиот Центар за стратешки истражувања за подготовките на САД за инвазија врз Ирак во 2003 г
Копијата од извештајот била основа за обвиненијата против неа за шпионажа, изјавил денеска еден од адвокатите на Роксана Сабери. „Таа, во тоа време, го имаше извештајот на Центарот за стратешки истражувања, тело при Канцеларијата на иранскиот претседател, за подготовките за напад на САД врз Ирак“, рекол адвокатот Салех Никбакт.Никбакт истакнал дека Сабери, иако поседувала доверлив документ, никогаш не ја користела таа информација.Сабери, која работела како хонорарен новинар за BBC и за американската национална мрежа NPR, на 18 април е осудена на осум години затвор поради шпионажа во корист на САД, но на 11 мај е пуштена од техеранскиот затвор Евин, откако иранскиот Апелациски суд и ја намалу осумгодишната затворска казна на две години условна казна затвор.Меѓутоа, против Сабери и натаму стојат обвиненија, бидејќи го поседува и натаму го чува тој доверлив документ.
Новинарката Сабери пуштена од иранскиот затвор
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
По пет дена потрага уапсен мажот, осомничен за убиството на својата сопруга и дете во Босна и Херцеговина

Емир Селимовиќ, 38-годишен маж осомничен за убиство на сопругата и синот во Калесија, кај Тузла во Босна и Херцеговина, е уапсен по петдневна потрага, јавува порталот АТВ.
Припадниците на МВР на Република Српска го пронашле во селото Горња Мравица кај Прњавор, каде во четвртокот било откриено и неговото возило. Според неофицијални информации, Селимовиќ бил забележан од мештаните и веднаш ја известил полицијата, по што набрзо бил уапсен.
Телата на неговата сопруга Инела Селимовиќ (37) и нивниот тринаесетгодишен син беа пронајдени на 12 февруари во нивниот заеднички стан во Калесија. Се верува дека Емир Селимовиќ ги задавил.
По убиството, Селимовиќ побегнал со автомобил „шкода фабија“. Автомобилот подоцна бил пронајден во селото Горња Мравица кај Прњавор, но осомничениот се уште бил во бегство. Според извештаите, Селимовиќ бил виден на камерите во Челинац кај Бања Лука за време на неговото бегство.
По опсежна потрага бил лоциран и уапсен во село Горња Мравица.
Свет
Лавров денеска оди во Саудиска Арабија: Русија ги потврди разговорите со САД за Украина

Двајца високи руски функционери ќе отпатуваат во Саудиска Арабија за да се сретнат со нивните колеги од САД, потврди Кремљ.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика на претседателот Владимир Путин, во понеделник патуваат за Ријад, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Се очекува дуото да се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио и со Кит Келог, специјалниот пратеник на Вашингтон за Украина и Русија, за да се подготват за мировните преговори за Украина.
Зближувањето на Трамп со Русија ја зголеми загриженоста во Украина и Европа дека Вашингтон би можел да се трка за да обезбеди мировен план со кој ќе отстапи дел од украинската територија со мало учество на Киев или неговите европски сојузници.
Ниту украински, ниту европски претставници не учествуваат на разговорите во саудискиот главен град Ријад, иако Рубио во неделата истакна дека и Украина и Европа ќе треба да бидат вклучени во какви било „преговори“ што ќе произлезат од состанокот.
Европа
Рубио: Европа и Украина ќе бидат вклучени во вистински мировни преговори

Американскиот државен секретар Марко Рубио во интервју за Си-би-ес изјави дека Украина и Европа ќе бидат вклучени во какви било вистински преговори со цел да се стави крај на војната меѓу Русија и Украина.
Рубио ја минимизираше европската загриженост дека тие би можеле да бидат исклучени од претстојните мировни преговори меѓу Русија и САД, кои ќе се одржат во Саудиска Арабија во наредните денови. Тој нагласи дека преговарачкиот процес се уште не е започнат сериозно, но доколку разговорите продолжат, ќе бидат вклучени Украина и европските земји.
Рубио потсети дека американскиот претседател Доналд Трамп разговарал со рускиот претседател Владимир Путин минатата недела. За време на тој разговор, Путин изрази интерес за мир, додека Трамп јасно стави до знаење дека сака траен договор што го обезбедува суверенитетот на Украина.
„На крајот на краиштата, ако ова се вистински преговори – а ние сè уште не сме во тој момент – Украина ќе мора да биде вклучена бидејќи таа е нападната, а Европејците ќе мора да учествуваат бидејќи тие се оние кои воведоа санкции кон Путин и Русија“, рече Рубио.
„Еден телефонски повик не носи мир“, додаде тој, истакнувајќи дека следните неколку недели ќе бидат клучни за проценка на сериозноста на овие разговори.
На прашањето дали разговарал за укинување на санкциите кон Русија за време на телефонскиот разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во саботата, Рубио одби да даде јасен одговор. Но, рече дека разговарале за тешките услови под кои работи американската амбасада во Москва.
Тој додаде дека функционалните амбасади во двете земји се клучни за напредок во мировниот процес.