Свет
Во офанзивата во Пакистан, загинале илјада талибанци

Илјада талибански борци биле убиени во тринеделната офанзива што ја спроведува пакистанската армија во стратешката долина Сват, на северозапад на државата, изјавил министерот за внатрешни работи. Се најавува слична офанзива и во Вазиристан
„Повеќе од илјада борци, меѓу кои и два команданта, загинале, а нивните бази и логори за обука се уништени“, изјавил пакистанскиот министер за внатрешни работи Рахман Малик на прес-конференција во градот Мардан, во близина на подрачјето на офанзивата. Малик нагласил дека воената офанзива ќе трае се’ додека не биде ликвидиран и последниот талибански борец.Од друга страна, се споменува дека загинале 42 пакистански војници. Според воени извори, во Сват 15 илјади пакистански војници и полицајци се борат со 4 до 5 илјади талибански бунтовници.Бројките тешко се проверливи, затоа што регионот во кој се одвива офанзивата армијата го затвори за новинарите и другите хуманитарни организации. Според УНХЦР, северозападниот дел од Пакистан за последниве три седмици го напуштиле речиси милион цивили, а лани истото го направија 500 илјади Пакистанци. Reuters пишува дека денеска пакистанската влада ги повикала цивилите од долината Сват да се обидат да се извлечат од опколениот регион. Се претпоставува дека во Мингор, центарот на долината Сват, се’ уште има многу цивили. Пакистанските безбедносни сили од крајот на април започнаа со голема офанзива по големиот притисок од САД, во регионите Сват, Долен Дир и Бунер, каде што влијанието на талибанците се’ повеќе се зголемуваше кај локалното население. Пакистанските власти, под тој притисок дозволија владеење на шеријатското право во повеќе региони, но Вашингтон остана загрижен заради влијанието на талибанците и опасноста радикални исламистички организации да дојдат во контрола на нуклеарното оружје со кое располага Пакистан. Пред офанзивата на пакистанската армија, талибанците како сојузници на Ал Каеда се приближија на само сто километри од главниот град Исламабад.Пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари изјави дека операцијата во Сват е само почеток, и дека таа ќе продолжи во провинцијата Вазиристан, каде исто така има повеќе упоришта на талибанците. Се претпоставува дека во овој пограничен појас меѓу Пакистан и Авганистан се крие лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ненад Калуѓеровиќ спречил уште пострашно сценарио на Цетиње, тој е убиецот на Вук Бориловиќ

„Новости“ дознава дека убиецот Вук Бориловиќ, кој вчера изврши незапамтен масакр во Цетиње (Црна Гора) немал криминално минато, а бил вработен како келнер во Националниот парк Ловќен и имал три деца. Бил страствен ловец.
По кавгата што ја имал со потстанарите, според информациите, отишол вооружен со ловечки карабин.
Бориловиќ бил подготвен на уште поголем масакр доколку не бил спречен од соседот Ненад Калуѓеровиќ. Ова го потврди и дежурниот обвинител.
Засега Калуѓеровиќ не е уапсен и се уште не е јасно како се ќе се квалификува неговото дело.
View this post on Instagram
На социјалните мрежи Црногорците во него заштитник кој не дозволил да се пролее уште крв на улиците во Цетиње.
Инаку, во Клиничкиот центар на Црна Гора се хоспитализирани четири лица, повредени во вчерашната трагедија во Цетиње, од кои едното е во критична состојба и е на интензивна нега.
Како што информираат од КЦЦГ, еден пациент е надвор од животна опасност, како и двајца други пациенти во болницата во Цетиње.
Соопштија дека еден од пациентите во е стабилен, надвор од животна опасност и е сместен на Клиниката за неврохирургија.
„Вториот пациент по приемот е третиран хируршки, има повреди на мозочните структури и коскените структури на главата и градниот кош, загрозен му е животот и се наоѓа на Централното одделение за интензивна нега. Третиот пациент има абдоминална повреда. хируршки е третиран орган, главно црн дроб и е под интензивна терапија и мерки за следење, кој исто така е сместен на одделението за интензивна нега.Четвртиот пациент има повреди на вратот, градниот кош, отворена фрактура на десната надлактица, исто така оперативно третирана и се уште бара лекување на одделението за интензивна нега“ – соопштија од КЦЦГ.
Свет
Поради тајфунот во Јапонија евакуација на 72.000 луѓе

На повеќе од 72.000 луѓе во јапонската префектура Шизуока им е наредено да се евакуираат поради наближувањето на тајфунот Меари, пишува Кјодо.
Метеоролошката служба соопшти дека тајфунот се очекува денеска да го погоди јапонскиот брег на Пацификот во близина на Токио и предупреди на можни поплави, излевање на реки, лизгање на земјиштето и силни ветрови, особено во регионот Токаи, во централниот дел на земјата.
Тајфунот моментално се наоѓа на 200 километри југозападно од Шизуока и се движи кон север со брзина од 20 километри на час.
Се очекува тајфунот да биде над североисточниот брег до недела наутро, а потоа да се движи североисточно во Тихиот Океан.
Европа
Зеленски за визите за Русите: Европа не смее да стане супермаркет во кој не е важно кој влегува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш апелираше до земјите-членки на Европската унија да не им даваат визи на граѓаните на Русија, наведувајќи дека блокот не треба да стане „супермаркет во кој секој може да влезе“.
Зеленски рече дека неговото барање не се однесува на Русите на кои им е потребна помош, бидејќи тие „ја ризикуваат својата слобода или живот спротивставувајќи се на политиката на рускиот претседател Владимир Путин“.
„Мора да има гаранции дека руските убијци или соучесниците на терористичката држава не користат шенген визи“ – објасни Зеленски во ноќното обраќање, според „Ројтерс“.
Тој додаде дека суштинската идеја за Европа – заедничките европски вредности – не смее да биде уништена.
„Затоа Европа не смее да стане супермаркет во кој не е важно кој влегува и каде што е најважно луѓето само да плаќаат за стоката“ – рече Зеленски.
Зеленски оваа недела во интервју за „Вашингтон пост“ веќе повика на укинување на визите за руските граѓани.