Контакт

Свет

Илјада нови случаи на свински грип за последните 24 часа

Објавено пред

Бројката потврдени случаи на свински грип се искачи на десет илјади во 40 држави, но за среќа бројката на починати се запре на 79, извести попладнево Светската здравствена организација. Последниот потврден случај е во соседна Грција

dobivaj vesti na viber

Светската здравствена организација – СЗО (WHO), потврди дека има 9.830 потврдени случаи на заболување со вирусот на грип од типот A(H1N1), која за речиси илјади случаи е повисока од вчерашната. Во последните 24 часа, најмногу заболени ила во Мексико, со 545 инфицирани, во САД се регистрирани 409 нои заболени, а трета земја која во последното деноноќие забележала најголема бројка заразени со опасниот тип грип е Јапонија со 34 потврдени нови случаи. Четириесеттата држава која официјално потврди случај на инфицираност со новиот вирус н грип е соседан Грција. Станува збор за студент кој пред извесно врее престојувал во САД, но таму не пожала симптоми на ифицираност со свинскиот грип.Истовремено забележени се уште четири нови смртни случаи како последица од грипот во Мексико и еден во САД. Националните здравствени организации ширум светот бараат доколку дојде до влошување на ситуацијата, вакцината  праведно да се распределува во државите кои се најзагрозени.По овој повод, генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун изјави дека во ваква ситуација е потребна, како што рекол – глобална солидарност, а особено при дистрибуцијата на вакцината доколку ситуацијата стане критична. Затоа што заради големите количества од вакцината кои ги нарачуваат богатите држави, може да нема доволно дози во случај на пандемија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Блинкен: Загрижени сме дека ДНР ќе покрене обвинение против Хрват, Британец и Швеѓанец

Објавено пред

Властите на САД се загрижени дека Врховниот суд на Народна Република Доњецк (ДНР) би можел да покрене обвинение против еден хрватски, тројца британски и еден шведски државјанин, напиша на Твитер американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.

dobivaj vesti na viber

Според руски извори, станува збор за членови на националистичкиот баталјон Азов или други „паравоени“ формации.

„Загрижени сме поради извештаите за обвинувања против британски, шведски и хрватски граѓани од нелегитимните власти во источна Украина. Русија и нејзините полномошници имаат обврска да го почитуваат меѓународното хуманитарно право, вклучувајќи ги правата и заштитата дадени на воените затвореници“ – напиша Блинкен.

Прикажи повеќе...

Регион

Ненад Калуѓеровиќ спречил уште пострашно сценарио на Цетиње, тој е убиецот на Вук Бориловиќ

Објавено пред

„Новости“ дознава дека убиецот Вук Бориловиќ, кој вчера изврши незапамтен масакр во Цетиње (Црна Гора) немал криминално минато, а бил вработен како келнер во Националниот парк Ловќен и имал три деца. Бил страствен ловец.

dobivaj vesti na viber

По кавгата што ја имал со потстанарите, според информациите, отишол вооружен со ловечки карабин.

Бориловиќ бил подготвен на уште поголем масакр доколку не бил спречен од соседот Ненад Калуѓеровиќ. Ова го потврди и дежурниот обвинител.

Засега Калуѓеровиќ не е уапсен и се уште не е јасно како се ќе се квалификува неговото дело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Podgoricke Fore (@pg_forass)

На социјалните мрежи Црногорците во него заштитник кој не дозволил да се пролее уште крв на улиците во Цетиње.

Инаку, во Клиничкиот центар на Црна Гора се хоспитализирани четири лица, повредени во вчерашната трагедија во Цетиње, од кои едното е во критична состојба и е на интензивна нега.

Како што информираат од КЦЦГ, еден пациент е надвор од животна опасност, како и двајца други пациенти во болницата во Цетиње.

Соопштија дека еден од пациентите во е стабилен, надвор од животна опасност и е сместен на Клиниката за неврохирургија.

„Вториот пациент по приемот е третиран хируршки, има повреди на мозочните структури и коскените структури на главата и градниот кош, загрозен му е животот и се наоѓа на Централното одделение за интензивна нега. Третиот пациент има абдоминална повреда. хируршки е третиран орган, главно црн дроб и е под интензивна терапија и мерки за следење, кој исто така е сместен на одделението за интензивна нега.Четвртиот пациент има повреди на вратот, градниот кош, отворена фрактура на десната надлактица, исто така оперативно третирана и се уште бара лекување на одделението за интензивна нега“ – соопштија од КЦЦГ.

Прикажи повеќе...

Свет

Поради тајфунот во Јапонија евакуација на 72.000 луѓе

Објавено пред

На повеќе од 72.000 луѓе во јапонската префектура Шизуока им е наредено да се евакуираат поради наближувањето на тајфунот Меари, пишува Кјодо.

dobivaj vesti na viber

Метеоролошката служба соопшти дека тајфунот се очекува денеска да го погоди јапонскиот брег на Пацификот во близина на Токио и предупреди на можни поплави, излевање на реки, лизгање на земјиштето и силни ветрови, особено во регионот Токаи, во централниот дел на земјата.

Тајфунот моментално се наоѓа на 200 километри југозападно од Шизуока и се движи кон север со брзина од 20 километри на час.

Се очекува тајфунот да биде над североисточниот брег до недела наутро, а потоа да се движи североисточно во Тихиот Океан.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минута

Блинкен: Загрижени сме дека ДНР ќе покрене обвинение против Хрват, Британец и Швеѓанец

Властите на САД се загрижени дека Врховниот суд на Народна Република Доњецк (ДНР) би можел да покрене обвинение против еден...

Македонија54 минути

Пендаровски: Клучните придобивки од Рамковниот договор беа зачувување на суверенитетот и на територијалниот интегритет

  Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето 21 година од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со порака: „Пред 21 година,...

Европа2 часа

Зеленски за визите за Русите: Европа не смее да стане супермаркет во кој не е важно кој влегува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш апелираше до земјите-членки на Европската унија да не им даваат визи на граѓаните на...

Македонија3 часа

Дваесет и една година од потпишувањето на Рамковниот договор

На денешен ден во 2001 година беше потпишан Охридскиот рамковен договор, во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна...

Регион3 часа

Во Црна Гора тридневна жалост поради трагедијата во Цетиње

Во Црна Гора е прогласена тридневна жалост поради масакрот во Цетиње, каде вчера беа убиени 11 лица, меѓу кои и...

Свет3 часа

Писателот Салман Ружди е опериран, не може да зборува и најверојатно ќе го загуби окото

Британскиот писател со индиско потекло Салман Ружди (75) , кој повеќепати беше избоден со нож во вратот и стомакот од...

Македонија14 часа

Пациентот од Кичево суспектен на мајмунски сипаници има негативен брис

Министерството за здравство вечерва информираше дека од Институтот за јавно здравје се информирани дека е завршено испитувањето на брисот земен...

Македонија15 часа

Скопје ја повлече согласноста за почесен конзул на Русија во Битола

Северна Македонија официјално ја извести Русија дека ја повлекува согласноста за формирање Канцеларија на почесниот конзул на Русија во градот...

Регион16 часа

(Видео) Масакр во Цетиње, по семеен конфликт убил 11 луѓе, пукал и во деца

Во населбата Медовина во црногорскиот град Цетиње, во близина на Владата, денеска околу 16 часот загинаа 11 лица, а шестмина...

Европа17 часа

Кличко со критики за Шолц за издавањето визи на Русите

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко го критикуваше германскиот канцелар Олаф Шолц поради неговото одбивање да престане да издава визи за...

Економија18 часа

Во јавните згради во Германија ќе се дозволи греење до максимални 19 степени Целзиусови

Германскиот министер за економија Роберт Хабек денеска најави нови регулативи кои ќе се однесуваат на заштеда на енергија поради страв...

Свет20 часа

Пекинг ја предупреди Америка: Борбата против повеќе од 1,4 милијарда Кинези нема да заврши добро

Бoрбата на Соединетите Американски Држави против повеќе од 1,4 милијарда Кинези нема да заврши добро, изјави кинескиот министер за надворешни...

Македонија20 часа

Ќучук: Преговорите на Северна Македонија со ЕУ ќе почнат по завршување на скринингот

Процесот на преговори меѓу ЕУ и Република Северна Македонија сè уште не е почнат бидејќи се чека да заврши скринингот,...

Македонија22 часа

(Видео) Стојаноска: Како и со Ковид-19, така и со мајмунските сипаници власта се однесува неодговорно

Во Македонија, со власта на СДСМ и ДУИ, се случува тотален распад на системот. Земјава, од сите земји во регионот,...

Топ23 часа

Мотоциклист почина во сообраќајна несреќа во Кочани

Синоќа, во 18.55 часот, било пријавено дека на експресниот пат во изградба, Кочани – Крупиште, кај клучката за с. Спанчево,...

Економија23 часа

(Видео) Каевски: Во Македонија ќе се произведуваат електрични возила

Преку одговорните, ефикасни мерки и политики на Владата предводена од СДСМ македонската економија станува атрактивна за сериозни, големи странски инвестиции....

Топ1 ден

Со закана со пиштол успеале да изнудат 20.000 евра, приведени две лица од Скопје

Од страна на СВР Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, во координација...

Европа1 ден

Поранешниот германски канцелар Шредер го тужи парламентот поради одземените привилегии

Поранешниот германски канцелар, Герхард Шредер, го тужи парламентот во обид да ги врати посебните привилегии што му беа одземени во...

Македонија1 ден

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се грижат за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ по којзнае кој пат докажаа дека воопшто не се грижат за граѓаните, туку на прво место ги...

Европа1 ден

„Вашингтон пост“: ФБИ кај Трамп бараше документи поврзани со нуклеарно оружје

За време на претресот на домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, агенти на ФБИ пребарувале доверливи документи поврзани со...