Свет
Најмалку 24 загинати во напад во Пакистан

Најмалку 24 лица загинаа меѓу нив и 11 полицајци, а повеќе од 250 се ранети во нападот што денеска врз полициска станица во десетмилионскиот град Лахор, го извршил бомбаш самоубиец. Притоа бил убиеин еден висок офицер од пакистанското воено разузнавање, кој можеби и бил мета на нападот
Силната експлозија, која ја сравни со земја главната зграда на полицијата се случи во време кога безбедносните сили соопштија дека убиле 12 милитанти во офанзивата против талибанците во пакистанската северозападна покраина Сват.Силната експлозија од момбата кој според проценките биал тешка 100 килограми направила кратер длабок пет метри, притоа уништувајќи неколку згради меѓу кои зградата на амбуланта за владини службеници и зградата на првата воена разузнаачка служба.Градоначалникот на Лахоре, Саџад Ахмед Бута потврдил дека 24 лица се убиени а 285 се ранети, додавајќи дека овие бројки може и да не бидат конечни.Провинцискиот минситер за правда, Рана Санаилах им изјавил на репортерите дека непосредно пред да се случи експлозиајта, очевидци изјавиле дека од автомобилот излегле двајца мажи и отвориле оган врз полициксото обезбедување пред владините згради. Некои од западните новински агенции соопштуваат дека во овој напад се убиени дури 40 лица. Аналитичарите сметаат дека овој напад е одмазда на талибанците и Ал Каеда за офанзивата на пакистанската армија против исламистичките бунтовници во која загинаа околу 1.900 луѓе. но досега никој ја нема преземно одговорноста за овој напад.„Верувам дека анти-пакистансктие елементи кои сакаат да ја дестабилизираат нашата држава икои го гледаат поразот во Сват, сакаат да удрат по нашите градови“, изјавил минситерот за внатрешни работи на Пакистан, Рехман Малик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шефот на британската разузнавачка служба: Путин ја губи информациската војна во Украина

Русија не успеа да добие предност пред Украина во сајбер просторот речиси шест месеци по инвазијата на таа земја, изјави во петокот шефот на британското разузнавање GCHQ Џереми Флеминг.
Во авторски текст за The Economist, Флеминг напиша како двете земји ги користеле своите сајбер способности во војната во Украина.
„Досега, претседателот Путин сеопфатно ја загуби информативната војна во Украина и на Запад. Иако ова е причина за славење, не треба да потценуваме како руската дезинформација се игра на друго место во светот“, напиша Флеминг.
Исто како и со копнената инвазија, првичните онлајн планови на Русија се чини дека пропаднаа. Руската употреба на навредливи сајбер алатки беше неодговорна и неселективна, додаде тој.
Флеминг рече дека Русија развила малициозен софтвер WhisperGate за уништување и обезличување на украинските владини системи.
Тој исто така рече дека Русија претходно ја користела истата стратегија во Сирија и на Балканот, а изјавил и дека дезинформациите на Интернет се главниот дел од руската стратегија. Сепак, GCHQ успеа да ги пресретне и навреме да издаде предупредувања, додаде тој.
Без да навлегува во многу детали, Флеминг рече дека Националните сајбер сили на ОК може да одговорат на Русија со распоредување на британска воена единица која користи навредливи сајбер алатки,пренесуваат светските медиуми.
Свет
Претседателите на Кина и Русија во ноември на самит Г20

Претседателите на Кина и Русија, ќе учествуваат на самитот на 20-те најбогати земји во светот (Г20) на Бали во ноември, изјави денеска советникот на шефот на индонезиската држава Анди Виџајанто.
Во четвртокот, индонезискиот претседател Џоко Видодо рече дека Кси и Путин го информирале дека ќе учествуваат на состанокот на Г-20.
Си ќе дојде, а и Путин ми кажа дека ќе дојде, рекол Видодо, пренесува Ројтерс.
Индонезија е претседавач со Г20 и е под притисок на Западот да ја повлече поканата до Путин за учество на самитот, поради рускиот напад врз Украина.
Свет
(Видео) Најмалку 2 лица загинаа по судир на авиони при слетување на аеродром во Калифорнија

Два мали авиони се судрија во Северна Калифорнија додека се обидуваа да слетаат на локалниот аеродром, при што загинаа најмалку две од трите лица во него, соопштија официјални лица.
Авионите се урнале во четвртокот на локалниот аеродром во близина на градот Вотсонвил во американската сојузна држава Калифорнија, нешто пред 15 часот, се наведува во соопштението на градските власти на Твитер.
Аеродромот во сопственост на градот нема контролна кула за насочување на слетувањето и полетувањето на авионите, пренесува АП.
Во моментот на несреќата во двомоторниот Цесна 340 имало две лица, а во едномоторната Цесна 152 само пилотот, соопшти американската Федерална управа за авијација.
Официјалните лица рекоа дека биле пријавени два смртни случаи, пренесе АП.
Авионите биле на висина од околу 60 метри кога се урнале, изјавил очевидец за локалниот весник.