Свет
Обама сo план за заштита на американскиот компјутерски систем
Американскиот претседател Обама најави преземање конкретни чекори за заштита на комјутерските системи во САД. Тој ќе назначи специјален асистент кој ќе ги надгледува напорите за поголема сајбер безбедност
„Во денешниот свет, акти на терор не можат да дојдат само од неколку екстремисти со самоубиствени бомбашки појаси, туку и со притискање неколку копчиња на тастатурата на компјутерот, оружје за масовно уништување“, изјави американскито претседател Барак Обама. Според Обама, САД долго време не успевале соодветно да ја заштитат безбедноста на своите компјутерски мрежи и тој изложи план да ја подобри безбедноста.„Отсега, нашата дигитална инфраструктура, мрежи и компјутери од кои зависиме секојдневно, ќе бидат третирани како што треба, како стратешко национално богатство“, додал претседателот на САД. Како дел од планот, Барак Обама наскоро ќе именува специјален помошник кој ќе биде одговорен за заштита на комјутерските системи во САД при што најавил дека ќе отвори нова канцеларија во Белата куќа, што ќа је предводи координатор за кибернетска безбедност. Заради големата важноста, тој лично ќе го одбере вршителот на оваа функција одговорна за сите прашања во доменот на кибернетската безбедност.Планот на Обама предвидува и кампања за кревање на јавната свест за предизвиците и заканите за кибернатската безбедност.Обама додал дека има лично искуство со таквите закани. Мината година, на приемр, хакери упаднале во комјутерскиот систем на неговата претседателска кампања. Имале увид разни документи од кампањата, од политички извештаи до планови за неговите патувања, кажа Обама. Тоа го поттикнало да размислува за можната штета што може да биде сторена на овој начинОбама претстави план за заштита на американските компјутери
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сандерс: Израел има за цел да ги елиминира Палестинците, а не Хамас
Американскиот сенатор Берни Сандерс рече дека она што Израел го прави во Појасот Газа повеќе не е војна против Исламското движење на отпорот Хамас, туку елиминација на животното ткиво на Палестинците.
Во говорот пред Конгресот за одобрување на странска помош, вклучително и безбедносна помош за Израел, Сандерс додаде дека она што се случува во Појасот Газа не е несреќа или воена грешка, туку пресметана политика која систематски се спроведува шест месеци.
Тој посочи дека е невозможно да се погледнат сите овие факти и да не се заклучи дека политиката на израелската влада е насочена да го направи Појасот Газа неподобен за живот, а тоа всушност и се случува.
Американскиот сенатор го критикуваше и американското соучесништво во војната во Појасот Газа и рече дека војната во Газа се гледа како израелско-американска војна.
Тој објасни дека „поголемиот дел од бомбите и воената опрема што ги користи Израел во војната во Појасот Газа ги обезбедува нашата земја со парите на американските даночни обврзници“.
Тој посочи дека САД и даваат милијарди долари на владата на Бенјамин Нетанјаху, која ги затвора границите на Појасот Газа и спречува храна и медицински материјали да стигнат до оние на кои им е потребна.
Сандерс рече дека Израел систематски го уништувал здравствениот систем во Појасот Газа, а од вкупно 37 болници уништил 26 од нив, кои се целосно вон функција, додека останатите само делумно работат.
Сандерс, независен член на Сенатот, рече дека ќе воведе законски амандмани за намалување на милијардите од воената помош за Израел, нагласувајќи дека САД не можат да продолжат да ја финансираат оваа „страшна војна“ во Појасот Газа.
Свет
Бајден го потпиша законот: „Тик-ток“ има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон што може да доведе до целосна забрана на „Тик-ток“ во САД, доколку „ByteDance“, кој е сопственик на „Тик-ток“, не го продаде својот удел во компанијата во рок од една година.
Портпаролот на „Тик-ток“, Алекс Хаурек, рече дека планираат да го оспорат овој закон на суд, што би можело дополнително да ги одложи роковите, доколку судот одлучи да го одложи спроведувањето на законот до конечната судска одлука.
Исто така, се поставува прашањето како Кина ќе реагира на оваа ситуација и дали ќе дозволи „ByteDance“ да го продава „Тик-ток“, а особено неговиот алгоритам кој ги задржува корисниците заинтересирани за апликацијата.
Директорот на „Тик-ток“, во видео порака го изразува своето незадоволство посочувајќи дека станува збор за потенцијална забрана која ќе влијае на корисниците на апликацијата и нивната слобода на говор.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.