Свет
Во САД уапсени сопружници шпиони на Куба
Пензиониран службеник на Стејт-департментот и неговата сопруга се уапсени под обвинение дека триесет години шпионирале за Куба, а безбедносните тајни кои ги издавале на комунистичкиот режим во Хавана се карактеризирани како многу сериозни
Во обвинението кое било соопштено во петокот, е наведено дека 72-годишниот Валтер Кендл Мајерс постојано се инволвирал се’ подлабоко во безбедносните активности на Стејт-департментот. Тој со во содејство со сопругата, 71-годишната банкараска службеничка Гвендолин Штајнграбер Мајерс, воспоставил шпионска соработка која имала голема важност за Куба. Податоците што ги издавале биле толку вредни, што еднаш дури имале и четиричасовен приватен состанок со комунистичкиот лидер на Куба, Фидел Кастро.Валтер се вработил во Стејт-департментот на одредено време во 1977 г. а од 1985 г. бил вработен на недодредено, а има податоци дека еден период работел како постар аналитичар во разузнавачки материјали за европските работи. Се претпоставува дека тој успеал да изнесе повеќе од 200 документи со изнаката „Врвна тајна“.Филип Кроули, портпаролот на Стејт-департментот изјавил дека апсењето е изведено по тригодишна истрага на FBI, а дека државнаат секретарка Хилари Клинтон наредила сеопфатна проеценка на штетите сторени по американската безбедност со дејноста на сопружниците Мајерс. Помошникот министер за правосудст за национална безбеднсот, Дејвид Крис, пак, шпионската дејност ја карактеризирал како извонредно сериозни.Документацијата од процесот покажувала дека брачната двојка добила малку пари, туку дека повеќе станува збор за нивна љубов кон Куба, Кастро и воопшто комунистичкиот режим, пишуваат американските медиуми. Исто така, истрагат забележала и дека методата на нивната шпионка активност се менивале со времето, од пораки со радио-врска и морзеаовата азбука, до хартија со невидливо мастило, до електронски пораки испраќани од интернет-кафеа во 2007 г, кога Валтер се пензионирал. Интересно е што развојот на техннологијата во текот на трите децении ја предомислиле Гвендолин да ја самени вообичаениот метод на кој им пренесувала информации на Кубанците, со замена на колички за пазарење во супермаркетите.Сопружниците ги издавале документите во врска со работата на Стејт-департментот или нa CIA, од 1979 г., а сега им се заканува затворск казна од најмлаку 35 години.Американските аналитичари напоменуваат дека овој шпионски случај се отвора во времето кога американскито претседател Барак Обама најави нов пoчеток на односите со Куба по 47-годишното ембарго што го наметнаа САД за тамошниот комунистички режим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони
Денеска, почнаа најобемните избори во светот, а речиси 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес, кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.
Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарда жители. Гласачите, всушност, не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави „Дојче веле“.
На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиските сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.
За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формира сојуз од 28 партии, наречен Индиски национален развој – инклузивен сојуз.
Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.
Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду-мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.
Свет
Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран
Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира кога ќе се разјасни неговата природа.
„Во секој случај, без разлика на сѐ, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејства што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот“, рече Песков.
Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство.
Свет
(Видео) Туристи малтретирале мечиња за селфи, па ги фатила полиција во Северна Каролина
Во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина, шест лица се снимени како влечат мали мечиња од гранките на дрвото за кои се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестемина ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.
Кога снимките од инцидентот стигнале до експертите што се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њуз“ рекла дека кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било дадено на човечка грижа и нега за да закрепне. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не може да се вратат во дивината бидејќи мечките што растат со луѓе потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.
„Мечето преживеа големо трауматско искуство. На луѓето што го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка си, а особено на овој начин да го влечат од дрвото“, рекла Хобс, пренесува „Унилад“.
По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од она што го направиле овие луѓе. За сето тоа морало да разговараат и со полицијата.