Свет
Саркози и Обама договорија соработка во борбата против тероризмот
Претседателите на САД и на Франција, Барак Обама и Никола Саркози, го повикаа Иран да прекине со развивање на нуклеарната програма
На заедничката прес-конференција во Кан, на брегот на Нормандија, пред почетокот на свеченоста по повод 65-годишнината од пристигнувањето на сојузничките трупи во окупирана Европа за време на Втората светска војна, Барак Обама го потврдил ставот во врска со нуклеарната програма на Техеран дека треба да се води цврста дипломатија.Неговиот француски домаќин, Николaс Саркози, се согласил со апелот до Израел да запре со градењето еврејски населби на Западниот Брег и изразил загриженост од непромислените изјави на иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.Американскиот претседател во Франција допатува по посетата на Билскиот Исток, и продолжува со барањата меѓународната заедница да ги зголеми напорите за мирно решение на израелско-палестинскиот конфликт преку создавање независна палестинска држава.Обама и Саркози изјавиле дека тесно ќе соработуваат по многу прашања, меѓу кои и изградбата на стратегија за борба против тероризмот. Францускиот претседател додал дека неговата држава ќе прифати некои од затворениците во Гвантанамо, доколку САД тоа го побараат.За време на разговорите меѓу двајцата претседатели биле разгледани и голем број други прашања, меѓу кои и војната во Авганистан и светската економска криза. Познато е дека Франција не одговара на американските повици до Европа да направи поголеми напори за стимулирање на економијата и да испрати поголем број војници во Авганистан, за поддршка на напорите на американската администрација во борбата против екстремистите.Обама бил пречекан од жителите на Кан со големо одушевување, кое француските медиуми го споредуваат со приемот на рок-ѕвезда. За Обама, меѓу другото, „Денот Д“ е посебно важен бидејќи двајца негови предци учествувале во сојузничките операции во Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.