Свет
Осумнаесет убиени во Акапулко
Во престрелка меѓу војската и гангстери од мексиканските нарко-картелите во монденското летувалиште Акапулко загинале 18 лица, соопштиле претставници на армијата
Жестоката улична пресметка се случила во близина на хотел полн со туристи во ова познато мексиканско летувалиште на Пацификот. Вооружени лица ги нападнале војниците кога тие се доближиле до т.н. безбедна куќа на еден од тамошните нарко-картели и сакале да ги апсат вооружените лица, пукајќи во армиските возила во густо населен дел од градот. Престрелката продолжила од саботата на пладне до после полноќ. „Се слушнаа експлозии од гранати од ракети и рафали слични на оние од автоматската пушка AK-47. Битката траеше повеќе часови“, рекол човек кој живеел во близина на хотелот.Шеснаесет осомничени членови на нарко-картелот Белтран Леива биле убиени во пресметката, а војската загубила два припадника, вклучувајќи го и капетанот кој го командувал со водот. Откако мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон објави војна против нарко-картелите заради запирање на растечкото насилство, само годинава се убиени 2.300 лица, а се претпоставува дека вкупно од почетокот на меѓугангстерските војни и судирите со војската и полиција загинале околу седум илјади лицаво последните две години. Во оваа војна се ангажирани околу 45 илјади мексикански војници и полицајци, но насилствата не запираат. Тоа, покрај епидемијата на новиот опасен грип од типот A(H1N1), му нанесува огромна штета на мексиканскиот туризам кој е една од најзначајните стопански гранки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најголемиот кран за отстранување на остатоците од урнатиот мост пристигна во Балтимор
Најголемиот оперативен кран на источниот брег на САД беше распореден во пристаништето Балтимор и е подготвен да започне со расчистување на остатоците од мостот Френсис Скот Ки, кој се урна во вторникот кога товарен брод удри во потпорен столб.
Кранот, кој може да подигне до 1.000 тони товар, најверојатно ќе почне да ги извлекува остатоците од структурата на мостот од реката Патапско во сабота наутро, изјави портпаролката на американската крајбрежна стража Кармен Карвер, пренесува Ројтерс.
Втор, сличен кран е на пат за Балтимор и се очекува да пристигне наскоро за да се приклучи на операцијата за отстранување на делови од срушената конструкција на мостот.
Свет
Израел изврши напади врз Либан и Сирија, убиен командант на Хезболах
Израел тврди дека во денешниот воздушен напад во Либан бил убиен Али Абед Аксан Наим, заменик командант на ракетните единици на Хезболах, кој го извршил најсмртоносниот напад врз Сирија во последните неколку месеци.
Тел Авив рече дека Аксан Наим е одговорен за извршување и планирање ракетни напади врз израелски цивили.
Во најголемата ескалација на конфликтот меѓу Хезболах и Израел од 2006 година, десетина израелски војници и неколку цивили беа убиени во северен Израел, додека речиси 270 борци на Хезболах и 50 цивили, вклучувајќи болничари, цивили и новинари беа убиени во израелските напади во јужен Либан.
Регион
Нов земјотрес во Крагуевац, трет за еден ден
Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Крагуевац, трет за еден ден.
Според веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод, земјотресот се случил околу 18 часот и 15 минути.
🔔#Earthquake (#земљотрес) M2.5 occurred 14 km SE of #Kragujevac (#Serbia) 10 min ago (local time 18:15:23). More info at:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/GdZ9Qzvlhx
🖥https://t.co/SPzAI5NNT1 pic.twitter.com/jUcZ8xqpTH— EMSC (@LastQuake) March 29, 2024
Теоретскиот интензитет во епицентарот беше проценет на ниво III од Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет не можат да предизвикаат штети на објекти во епицентралното подрачје, се вели во соопштението на Републичкиот сеизмолошки завод.
Во Крагуевац за три часа беа забележани два земјотреси. Првиот е измерен утрово, во 11 часот и 20 минути, со магнитуда од 3,4 степени, додека вториот во 14 часот и 29 минути, со нешто послаб интензитет, поточно 1,7 степени според Рихтеровата скала.