Свет
Гадафи ќе ги повика Г-8 за резолуција за Африка
Либискиот претседател Муамер Гадафи ќе изврши притисок врз развиените земји за време на средбата на врвот на Г-8 во Италија во јули за компензација на африканските држави за колонијалното минато.
„Треба да признаеме дека Африканците беа третирани како животни. Треба да побараме прошка и да размислиме како ресурсите да им се вратат на легитимните сопственици“, изјави вчера Гадафи пред студентите на Универзитетот во Рим.„Дури и ресурсите да биле искористени, тоа не е извинување за вас. Треба да размислите за тоа како да бидат компензирани. Да си речете: Ние го ограбивме богатството на Африка и треба да го вратиме“, рече Гадафи.„Јас, со Божја волја, ќе учествувам на средбата на Г-8 и таму ќе кажам дека сите држави кои колонизираа други држави треба да ги компензираат и да побараат прошка“, посочи либискиот претседател.Тој, како лидер на Африканскиот сојуз, ќе учествува на самитот во делот предвиден и за африкански лидери.Италијански дипломати посочуваат дека Гадафи можеби ќе се сретне и со американскиот претседател Барак Обама, што би било нивна прва средба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.