Свет
Мутираше вирусот на свинскиот грип
Не беше неочекувано, но сепак лекарите се надеваа дека нема да дојде до тоа. Вирусот на новиот тип свински грип веќе мутирал, откриле во лабораторија во Бразил, при изолирање на пациент во Сао Паоло
Засега новиот мутиран вирус е наречен А/SaoPaolo (1454/H1N1), а така го нарекле бактериолозите од лабораторијата при институтот „Адолфо Лиц“. Потврдата ја добиле по споредувањето со оригинален примерок на вирус од свински грип од Калифорнија при што биле констатирани измени. Вирусологот Тереза Мариа де Павиа открила дека мутацијата се случила во протенин на хемоглобин.Се’ уште не е познато дали новата мутација е уште посмртоносна од нејзиниот оригинал А(H1N1), заради кој Светската здравствена организација прогласи светска пандемија.Сега научните се прашуваат дали вирусот на свинскиот грип да мутира толку како вирусот на шпанскиот грип кој во 1928 г. однесе неколку милиони животи.Досега според податоците на СЗО со вирусот А(H1N1) се заразени повеќе од 30 илјади луѓе, а се забележани околу 150 смртни случаи.
Што треба да се знае за свинскиот грипНајголемите пандемии во историјата
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.