Свет
Потврдена идентификацијата на 11 тела од урнатиот „ербас“
Бразилските форензичари идентификувал 11 од вкупно 50-те пронајдени тела на настраданите во несреќата на авионот на Air France
Од единаесетте идентификувани тела, десетмина се Бразилци, пет жени и пет мажи, а едно тело е на странски државјанин од машки полц, соопштила службата за јавна безбедност ан бразилската држава Пернамбуко. Идентификувањето е направено со анализа на ДНК, отисоци од прстите, теотоваѓи, телеснианомалии, дентистички картони и медицински досиеја за операции и хронични заболувања на патниците од летото AF 447 од Рио де Жанеиро за Париз во нота на 31 мај спроти 1-ви јуни, од кога за загинати се прогласени сите 228 патници и членови на екипажот. Бразилските форензичари не ги соопштиле повредите кои се забележани врз телата направени во Медицинскиот институт во Ресифе. Потрагата по „црните кутии“ кои ќе емитуваат сигнал до крајот на седмицава и другите остатоци од авионот продолжува,предвоена од француската подморница на нуклеарен погон, по повлекувањето на бразилскиот воен авион со софизтициран радарски ситем, кој сепак може уште еднаш да биде употребен во потрагата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.