Свет
Петмина убиени во бомбашки напад пред црква на Филипини
Најмалку пет лица загинале, а 34 се ранети во експлозија на бомба пред католичка црква на југот од Филипини, потврдила полицијата која ги обвини муслиманските бунтовници
Експлозивната направа експлодирала кога верниците по завршената миса излегувале од катедралата на „Безгрешното зачнување“, во градот Котабат. Четири лица, меѓу кои двајца војници, веднаш загинале, а петтата жртва починала од здобиените повреди во болница.Меѓу ранетите најмногу има жени и деца. Досега никој не ја преземал одгвороноста за овој напад, но портпаролот на филипинската армија Џонатан Понс веднаш за нападот ги обвинил муслиманските бунтовници од Исламскиот фронт за ослободување на Моро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пет училишта во Сараево добија дојава за бомба: Во тек е евакуација и увид
Денеска во пет училишта во Сараево пристигнале дојави за подметнати бомби, потврди портпаролката на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ.
Како што пренесува сараевскиот портал Кликс, извештаите за поставени бомби стигнале до Високата музичка школа, Гимназијата Обала, Средното училиште за применета уметност и Електротехничкото училиште за енергетика.
Дополнително, пишува Кликс, читателите ги информирале дека дојава за бомба била поставена и во училишниот центар Маариф во Мојмил.
Полицијата во моментов е на терен. Во некои училишта се уште е во тек евакуацијата на персоналот и учениците.
Свет
Тони Блер: Треба да донесеме трета страна за да ја завршиме војната во Газа
Поранешниот британски лидер Тони Блер денеска изјави дека треба да се донесе трета страна да управува со Газа за да се стави крај на војната во областа, истовремено изразувајќи ја поддршката за војната на Израел против либанското движење Хезболах.
Кога Блер беше британски премиер за време на војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година, тој го поддржуваше Израел и се спротивстави на повиците на неговата влада да воведе ембарго, пренесува „Политико“.
Тој ги поврза сегашните непријателства со кршењето на Хезболах на резолуцијата за прекин на огнот од 2006 година на Советот за безбедност на ОН, со која се повикува движењето да се повлече од границата со Израел и да се разоружа.
Регион
Бугарија до своите граѓани: Веднаш напуштете го Иран
Бугарија денеска ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Иран поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, јавува „Анадолија“.
На Бугарите им се препорачува строго да ги следат безбедносните упатства на локалните власти, да бидат информирани за ситуацијата и да избегнуваат посета на воени локации и масовни собири“, се вели во соопштението на бугарското МНР.
Се препорачува бугарските државјани во Иран веднаш да стапат во контакт со бугарската амбасада во Техеран за да дадат детали за своето место на живеење и планираното времетраење на престојот или со јавување во Амбасадата или преку е-пошта до Генералниот конзулат во Техеран.