Свет
Најмалку 140 мртви во меѓуетничко насилство во Кина
Најмалку 140 лица загинаа, повеќе од 800 се повредени, а стотина се уапсени во етничкото насилство во главниот град на западната кинеска провинција Ксинџијанг
Кинеската државна новинска агенција Ксинхуа, повикувајќи се на владин претставник, јави за големи меѓуетнички безредија кои избувнаа во текот на ноќта недела спроти понеделник, а во понеделник утрото се смируваат. Според информации на странските новински агенции, некои квартови од главниот град Урумкви биле речиси херметички затворени за да се спречат насилствата.Телевизијата CCTV емитуваше снимки на кои се гледаат повредени цивили, запалени автомобили и автобуси и група демонстранти кои фрлаат камења врз полицијата и превртуваат полициско возило.Кинеските власти за насилството ги обвинија ујгурските дисиденти, кои ги убедиле Ујгурите во Урумкви да ги нападната Кинезите, односно Ханите. Во провинцијата Ксинџијанг, во северозападниот дел на Кина, покрај границата со Централна Азија живеат околу 8,3 милиони Ујгури.Дел од припадниците на тоа муслиманско малцинство, кои имаат потесни врски во народите од средна Азија, отколку со Ханите, ги обвинуваат кинеските власти дека во името на борбата против тероризмот извршуваат политичко, верско и културно насилство.Кинеската телевизија, вината за насилствата меѓу другите му ја припиша и на водачот на Светскиот ујгурски конгрес, Ребија Кадир, кој живее во САД. Ујгурските лидери во егзил од друга страна ги обвинија кинеските власти дека на мирните протести реагирале со прекумерна сила.Годинава изминуваат 60 години откако кинеските сили навлегоа во Ксинџијанг и, според нив, мирно го ослободија. Но, тамошното автохтоно население кое бара независноста, вели дека тогаш се случила инвазија.Ујгурите, како и Тибетанците обвинуваат дека Кина спроведува етничко и демографско обезличување, давајќи им на доселените Кинези да ја преземаат економската и политичката власт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Студентите блокираа повеќе од 20 факултети во Белград
Бран студентски протести во Србија, поттикнати од насилството врз учесниците на комеморативните собири во чест на жртвите од декемвриската несреќа на станицата во Нови Сад, од ден на ден добива на размери, а повеќе од 20 факултети во четири универзитетски центри се веќе блокирани.
Студентите на универзитетите во Белград и Нови Сад, кои од минатиот понеделник ги блокираа зградите на неколку факултети, откако нивните колеги од Факултетот за драмски уметности беа нападнати за време на оддавањето почит на 15-те жртви од падот на настрешницата на Нови Сад, им се придружија колегите од универзитетите во Ниш и Крагуевац, блокирајќи ги нивните факултети и ректорати.
Само во Белград во моментов има повеќе од 20 факултети на протести и блокади, а денеска им се приклучија Земјоделскиот, шумарскиот факултет, Правниот факултет на Белградскиот универзитет, како и приватниот Факултет за современи уметности (ФСУ) и ден претходно Фармацевтскиот факултет во Белград.
Во блокадата денеска се приклучија и студентите на Природно-математичкиот факултет во Ниш.
Свет
Сириската амбасада во Русија го потврди присуството на Асад во Москва
Амбасадата на Сирија во Русија за ТАСС ја потврди информацијата дека поранешниот сириски претседател Башар ал Асад се наоѓа во руската престолнина.
„Да, тој е во Москва“, соопшти дипломатската мисија.
Амбасадата соопшти дека немале контакт со Асад.
Свет
Песков: Путин лично му даде азил на Асад
Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство добија азил во Русија, јавуваат руските државни медиуми.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во своето секојдневно обраќање рече дека претседателот Владимир Путин лично ја донел одлуката за давање азил, но одбил да потврди каде се наоѓа моментално Асад, пренесува Фена, а пренесува Дневни аваз.
Песков исто така не кажа кога последен пат се сретнале Путин и Асад и додаде дека не планираат да се сретнат во блиска иднина, јавува Би-Би-Си.
Песков нагласи дека Русија е подготвена да одржува контакти „со оние кои ќе бидат на власт во Сирија“.