Свет
Кинескиот претседател си замина од самитот на Г-8 заради немирите во државата
Кинескиот претседател Ху Џинтао ги измени плановите и намерите да присуствува на самитот организиран од најголемите економски моќни нации
Кинескиот претседател инсистирал да се врати во земјата за да се справи со етничкото насилство кое ја зафати северозападна Кина. Тензијата ја достигна својата кулминација во Урумква, каде што во демонстрациите преку викендот животите ги загубија 156 луѓе, а повеќе илјадници беа повредени.Немирите во Урумква беа доведени под контрола како резултат на константното присуство на војниците и антибунт бригадите, изјави владата во вторникот. Се јавија и помали демонстрации и немири низ други градови, но набрзо беа спречени. Повеќе од 1.400 осомничени беа одведени во вторникот, цитираат медиумите во Кина потпирајќи се на владиниот извештај.Ксинџјанг е дом на многу Ујгури. Самата конструкција на Кина гарантира етнички еднакви права како за Кинезите и лимитирана автономија. Но, етничката тензија е поголема од кога било. Етничките малцинства како Ујгурите се жалат дека се предмет на дискриминација и омаловажување од Ханите.Постојат и дополнителни шпекулации кои ги влошуваат односите, дека неделните протести во кои доминантно место зазема ујгурската популација во областа Базар, може да иницираат протести и насилство во северна Кина.Само месец претходно, беше пријавено насилство во фабрика за играчки во провинцијата Гуангдонг, каде што голем број имигранти вклучувајќи ги и Ујгурите, се преселија барајќи работа и подобар живот. Масовна караница избила меѓу работниците од ујгурска и ханска националност. Двајца Ујгури починале.Полицијата привела и испрашувала 15 осомничени поврзани со тој инцидент. Но, конечна одлука и пресуда не била донесена.
Продолжува насилството и убиствата меѓу Кинезите и Ујгурите
Најмалку 140 мртви во меѓуетничко насилство во Кина
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден го потпиша законот: „Тик-ток“ има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка
Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон што може да доведе до целосна забрана на „Тик-ток“ во САД, доколку „ByteDance“, кој е сопственик на „Тик-ток“, не го продаде својот удел во компанијата во рок од една година.
Портпаролот на „Тик-ток“, Алекс Хаурек, рече дека планираат да го оспорат овој закон на суд, што би можело дополнително да ги одложи роковите, доколку судот одлучи да го одложи спроведувањето на законот до конечната судска одлука.
Исто така, се поставува прашањето како Кина ќе реагира на оваа ситуација и дали ќе дозволи „ByteDance“ да го продава „Тик-ток“, а особено неговиот алгоритам кој ги задржува корисниците заинтересирани за апликацијата.
Директорот на „Тик-ток“, во видео порака го изразува своето незадоволство посочувајќи дека станува збор за потенцијална забрана која ќе влијае на корисниците на апликацијата и нивната слобода на говор.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.