Свет
Јули – најубиствен месец за Американците во Авганистан
Јули се преобразува во најубиствен месец за американските сили во авганистанската војна според бројот на убиени кој ја достигнал највисоката месечна вредност измерена во скоро осумгодишниот конфликт, објавува Associated Press
До денес најмалку 46 припадници на интернационалните трупи, вклучително 24 Американци, се убиени за овој месец, според изјавите на американската војска и НАТО командата. Тоа се изедначува со бројката за двата претходни најубиствени месеци – јули и август во 2008 г. Смртната стапка во јули, до пред три дена се приближува и до највисокото ниво на смртност во ирачката војна.Последните извештаи за загинати американски војници се од вторникот. Тие објавуваат за американски војник кој загинал од бомба крај патот во источен Авганистан и за двајца Турци, од кои еден полковник, што загинале во сообраќајна несреќа на северот од земјата.Портпаролот на Вашингтон, Геоф Морел признал дека САД загубил многу од војниците „што е алармантна стапка за овој месец“.„Јули беше исклучително тежок месец за сите нас кои сме длабоко вложени во обидите за подобрување на ситуацијата во Авганистан“, изјавил тој.Американските команданти очекувале поголеми губитоци откако претседателот Барак Обама наредил 21.000 дополнителни трупи за Авганистан годинава да ги контролираат бунтовните талибани кои се закана не само за владата на Кабул туку и за авганистанскиот нуклеарно вооружен сосед, Пакистан. Моментално во Авганистан биле стационирани 57.000 американски трупи и се очекува да се зголеми до 68.000 до крајот на 2009г., а со зголемување на трупите, САД го зголемува и темпото на борбените операции. Британскиот премиер, Гордон Браун неделава изјавил дека интернационалните трупи во Авганистан се соочуваат со тешко лето полно со интензивни борби. Тој долго ги критикувал НАТО алијансата и ЕУ да одиграат поголема улога во борбените операции и инсистирал за поголем број војници од страна на авганистанската влада. Авганистанската влада испратила само 650 војници и полицајци да се приклучат во офанзивата во Хелманд.За време од последната изборна кампања, Обама го обвини претседателот Џорџ Буш за погрешна распределба на ресурсите од војници во Авганистан, местото каде водството на Ал Каеда го испланирале нападот од 11 Септември 2001г., со она што тој го нарекува „непотребна војна“ – да се фати Садам Хусеин во Ирак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Детаљно пребарани тунелите, каналите и шахтите, нема траги од Данка: се огласија српските полицајци
Специјалистички екипи за спасување од урнатини на Секторот за вонредни состојби од Белград и Нови Сад заедно со други припадници на МВР од раните утрински часови темелно ги пребаруваа тунелите, подземните канали и шахтите со вкупна должина од 4,5 километри во месноста Бањско Поле до градот Бор и не се пронајдени траги што би укажувале дека таму била двегодишната Данка Илиќ, пренесуваат српските медиуми.
По повеќе од 70 часа детаљно пребарување на теренот во Бањско Поле, припадниците на Министерството за внатрешни работи продолжуваат со интензивно и оперативно пронаоѓање на девојчето и утврдување сите факти и околности за исчезнувањето на детето, според последните извештаи.
Медиумите потсетуваат, од моментот на пријавување на исчезнувањето на 26 март во потрагата по исчезнатото девојче учествуваа стотина припадници на МВР, кои темелно и сеопфатно го прегледаа поширокиот и потесниот простор на ова место со вкупна површина од 10-ина квадратни километри.
Свет
„Фокс њуз открива“: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина
Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава „Фокс њуз“.
„Фокс њуз“ во септември објави дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.
Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, до која имал пристап „Фокс њуз“, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.
Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс рече дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.
Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја поради што понекогаш се појавуваат разни бројки за американската помош за Киев.
Регион
Завршено вештачењето на мобилниот телефон на мајката на Данка, биле бришени пораки и повици, објавија српските медиуми
Мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ бил испратен на вештачење по исчезнувањето на девојчето. Неофицијалните податоци говорат дека мајката избришала многу пораки и повици ден пред и на денот на исчезнувањето на Данка, објави српски „Блиц“.
Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало дека се избришани многу пораки и податоци за повици, пишува српски „Информер“.
„На ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на Данка Илиќ многу пораки и повици се избришани од телефонот. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци“, рекол изворот.
Како што се дознава, пред исчезнувањето на Данка Илиќ мајката трипати го фотографирала детето од разни агли.
Да потсетиме, мајката на Данка Илиќ, Ивана, денеска повторно е во полициската станица во Бор, каде што е на распит за околностите на својата исчезната ќерка. Таткото помина на полиграфското тестирање.