Свет
Нигериските полицајци се молат па откриваат плантажи со марихуана
Нигериските агенти за дрога наутро се помолиле на боговите и тргнале низ јужните шуми каде има големи плантажи на махируана, а во својата репортажа CNN го прикажува и како тие на крајот од денот спалуваат една таква илегална фарма
„Станува збор за опасна работа, бидејќи некои од тие луѓе во шумите имаат поставено стапици од мачети и автоматски сачмарки“, изјавил Гуара Шедоу, началник во никергиската агенција за сузбивање на наркотиците во државата Ондо.Нигериската служба за борба против дрогите (NDLA) води вистинска битка за спречување на увоз на дрогите во државата од Јужна Америка и од Азиај и нивно транспортирање до Европа и до САД. Агентите сметаат дека во шумите се скриваат стотици фарми на кои се одгледува марихуаната. Количеството од ова растение кое во сабота било запленето го процениле на шест илајди долари, кои во Нигерија значат многу. Началникот додал дека на овие плантажи работат незначајните луѓе од криумчарскито синџир, додека главните се во градовите и никогаш не се појавуваат на ове полиња. Иако нема точни податоци колку дрога минува низ Нигерија, според полициските извештаи минатата година биле запленети повеќе од 300 тони разни дроги, а осудени биле околу две илјади продавачи, од кои поголемито дел се домашни државјани. На светската мапа на патот на дрогата, Нигерија е едно најклуччните места, затоа што е главниот центар од каде хероинот од Азија и кокаинот од латинскоамериканските држави одат во Евроап и во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.