Контакт

Свет

Грузија ја обвини Русија за агресија врз нејзина територија

Објавено пред

Грузија во понеделник ја обвини Русија сека се обидува да заземе нејзина територија надвор од отцепената Јужна Осетија, по речиси една година од руската интервенција во овој регион минатото лето

dobivaj vesti na viber

Грузиското министерство за надворешни работи соопшти дека руски војски навлегле во селото Квеши, на границата со Јужна Осетија и поставиле ново одбележување за граничната линија. „Овој акт многу е алармантен, бидејќи на годишнината од руската агресија врз Грузија, Русија и  нејзините марионети намерно предизвикуваат тензии се однесуваат предизвикувачки“, се вели во соопштението на министерството.Алексеј Кузњецов, портпарол на руското министерство за одбрана, одбил веднаш да го коментира обвинувањето на грузиската страна. Сепак, Грузија тврди дека руските офицери на границата во понеделник наредиле да се поместат граничните пунктови за стотина метри од претходните позиции на територијата на Јужна Осетија. Стив Бирд, портпаролот на набљудувачката мисија на Европската Унија, изјави дека набљудувачите ја следеле одблиску ситуацијата, но руските гранични власти ги убедувале дека немаат намера да ги придвижат своите пунктови кон нови маркации во областа. Руското министерство за надворешни работи, соопшти дека заменик-министер за надворешни работи, Григориј Карасин имал телефонски разговор со помошник државниот секретар на САД за политички прашања, Вилјем Барнс, при што била разгледувана ситуацијата во Јужна Осетија.„Тој подвлекол дека е неопходно да се превенираат сите воени провокации кои би можеле дополнително да ја дестабилизираат веќе ровката ситуација на границата“, соопштило руското министерство.  На речиси една година од ланските судири, ситуацијата од ден на ден станува понапната, а Русија и Грузија меѓусебно се обвинуваат  за провокации и желба да се обновата судирите. Валсите во Јужна Осетија ја обвинија Грузија за отворање оган и убиствени напади во регионот на главниот град Чинквали во два наврата минатата седмица. Грузија ги отфрли обвинувањата и обвинија за стрелање врз нејзини граѓани, но притоа никој не е повреден. Во саботата руското министерство за одбрана ја предупреди Грузија дека Русија „.. го задржува правото да ги искористи сите сили и средства за да ги заштити граѓаните на Јужна Осетија и руските војници, во случај на натамошни провокации од грузиска страна“.Според, Тбилиси, токму оваа закана ги отсликува вистинските намери на Кремљ. Темур Јакобашвили од кабинетот на грузискиот премиер за AP изјави во неделата дека неговата држава нема намера да употреби сила, бидејќи, како што вели – нема воено решение за конфликтот.Војната од минатиот август започна откако Грузија ја започна офанзивата за ставање под целосна контрола на дотогаш нејзината автономна област Јужна Осетија, зад која стои Русија, која молскавично реагираше со испраќање на илјадници војници и тенкови и со воздушни напади, и ги потисна грузиските единици длабоко на нивна територија.  По пет дена интензивни жестоки борби, беше склучено примирје под покровителство на Европската Унија. Тогаш грузиската власт тврдеше дека морала да употреби артилериски оган, затоа што областа од порано имало стационирано руски војници. Москва го демантираше тоа и тврдеше дека има легално право да интервенира затоа што во околината на Чинквали имаше свои мировници, распоредени како набљудувачи и гаранти на мирот по првата осетиско-грузиска војна и нејзините граѓани. Ианку, огромен процент од Осетијците имаат руско државјанство и работејќи во Русија ги издржуваат своите семејства.   По војната Москва ја призна независноста на Јужна Осетија и на Абхазија, покраина која исто така прогласи самостојност од Грузија и распоред илјадници војници на нивна територија. Набљудувачите на ЕУ се единствените од претставниците на меѓународната заедница кои останаа во регионот, но тие не можат да патуваат во внатрешноста на двата региона.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години

Објавено пред

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.

dobivaj vesti na viber

„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.

Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.

„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.

„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.

Прикажи повеќе...

Свет

Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.

dobivaj vesti na viber

„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.

Израел го нападна иранскиот Исфахан

Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.

Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.

Прикажи повеќе...

Свет

Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки

Објавено пред

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.

dobivaj vesti na viber

Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.

„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.

Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија4 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија4 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија4 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија9 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија9 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија10 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија13 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија14 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет15 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет15 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија16 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија16 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет16 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет16 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет16 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија1 ден

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...