Свет
Патријархот Кирил се враќа во Москва со нови надежи
Рускиот патријарх Кирил вчера пристигнал на аеродромот Внуково во Русија, со што официјално завршила неговата десетдневна посета на Украина
Како што објави официјалниот сајт на РПЦ, при посетата патријархот ги посетил Киев, Донецката област, Крим и западните делови на државата. „Се случуваше дури, оние кои беа излегле со плакати против мене, кога ќе ме видеа, со плач да се поклонат, да ги склопат рацете и да побараат благослов“, раскажувал патријархот Кирил при вчерашната средба со новинарите.Посетата на Украина ја одбележаа многу политички интриги во однос на отвореното прашање дали да се создаде и посебна црква во Украина која ќе биде независна од Московската патријаршија.„Ќе се молам и ќе работам на тоа, Украина духовно да се обедини, да се помират противниците, антируското расположение никогаш да не достигне врв во Украина. Исто така ќе се заложам и антиукраинското расположение да не го достигне врвот во Русија“, рекол тој.Во руските медиуми беше забележителна и една информација која зборуваше дека патријархот Кирил може да стане граѓанин на Украина. „Ете пример за тоа како средствата за масовна комуникација поинаку ги интерпретираат информациите. При средбата со духовниот врв во Украина ме запрашаа дали би можел половина година да живеам во Русија, а другата половина во Украина. Јас одговорив дека патријархот е задолжен за сите места кои се под неговата јурисдикција и дека не сум обврзан да работам само од Москва. Додадов дека ако украинската власт е спремна да ми додели државјанство со можност да не го губам моето руско државјанство јас ќе прифатам. Но кога ми кажаа дека на политички план не стојат така работите, јас само запрашав дали за Патријархот неможе да се направи некаков исклучок“, рекол рускиот патријарх.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.