Свет
Расмунсен сака односите меѓу НАТО – Русија да се на повисоко ниво

Новиот генерален секретар на НАТО изјави дека сака да ги покрене односите на Алијансата со Русија на ново, повисоко ниво
„Целта ми е да отидеме подалеку од ’нормалните односи’ затоа што тие понекогаш претпоставуваат многу реални постигнувања, за да минеме кон ’соработката како норма’ во односите меѓу Русија и НАТО“, рече Андерс Фог Расмусен во своето прво интервју за руска агенција откако ја презеде функцијата. Расмусен на ноинарот на агенцијата Интерфакс на прашањето за приближување на руските соседи Грузија и Украина на Алијансата, му одговара дека засега двете држави се далеку од присоединувањето кон НАТО.„Условите за членство во Алијансата се доволно тешки и не можат веднаш да бидат исполнети, како од Грузија, така и од Украина“, рекол Расмунсен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бројот на новороденчиња во БиХ намален за 40 проценти во последните 20 години

Минатата година во Босна и Херцеговина се родени 28.600 бебиња, што е за 40 проценти помалку отколку во 1997 година кога се родиле 48.300 бебиња, а во првите девет месеци од оваа година продолжува падот на новороденчињата.
Во Босна и Херцеговина, 20 општини претрпеле намалување на новороденчињата и повеќе од 40 проценти за 10-годишен период, пишува „Клих“.
Се наведува дека една од главните причини за ваквата состојба е иселувањето на населението, иако нема точни показатели за тоа.
Трендот на емиграција на граѓаните на Босна и Херцеговина, претежно во земјите од Западна Европа, трае од крајот на војните на територијата на поранешна Југославија, а најважните причини се недостатокот на перспектива, политичката клима и квалитетот на животот.
Се додава дека е особено загрижувачки што во последниве години заминуваат вработени лица, дури и лица со многу повисоки приходи од просекот во земјата.
Свет
Борел и Столтенберг: ЕУ и НАТО ја засилуваат соработката

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го потврдија продолжувањето на партнерството и соработката помеѓу Алијансата и Унијата во однос на прашањата од заеднички интерес и безбедноста.
„НАТО е најсилната воена алијанса во светот и ќе остане заеднички именител и основа на европската одбрана“, рече Жосеп Борел.
На својата прва средба како шеф на дипломатијата на ЕУ, Борел истакна со генералниот секретар на НАТО дека двете страни продолжуваат да ја зајакнуваат соработката.
„Градењето заедничка европска одбрана не е алтернатива, туку придонес кон односите НАТО-ЕУ“, рече Борел.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го поздрави Борел на новата функција и најави дека тој ќе продолжи да води политика на надополнување наместо на натпревар помеѓу НАТО и ЕУ.
„Безбедносните предизвици со кои се соочуваме се премногу сложени за секоја нација поединечно. Ниту НАТО, ниту ЕУ не ги имаат сите потребни инструменти потребни за безбедноста на нашите народи. Само со заедничко работење можеме да постигнеме многу “, вели Столтенберг.
Столтенберг рече дека сојузниците на НАТО на самитот во Лондон оцениле дека Алијансата и Унијата имаат извонредна соработка, особено во делот на миграциската и бегалската криза, и борбата против сајбер и хибридните закани.
Европа
Холандија го намали нивото за опасност од терористички напад

Холандската национална агенција за борба против тероризмот го намали нивото на тероризам во земјата, за прв пат од 2013 година.
Заканата е сега на трето ниво, на скала од еден до пет, што значи дека нападот е сè уште можен.
„Џихадистите продолжуваат да вршат напади на Запад, но ситуацијата не може да се спореди со периодот 2015-2017 година, кога имаше десетина напади во Европа секој ден“, наведе холандската агенција.
Минатиот месец, двајца мажи беа уапсени во Холандија под сомнение дека подготвуваат напад.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци