Свет
Рускиот Обама сака да стане градоначалник
Руските медиуми земјоделецот од Среднаја Актуба, роден во Гвинеа Бисао, го нарекоа „рускиот Обама“ затоа што се кандидираше за градоначалник
Жоаким (Василиј) Крима постојано се населил во градот во јужна Русија откако димпломирал на тамошниот универзитет. Се оженил со локална жителка и почнал да одгледува лубеници. На имотот на 37-годишниот Крима работат дваесетина луѓе, а тој во својата кампања ветува дека ќе донесе напредок и за другите 11 илјади сожители на селото кои се наоѓа на реката Волга, во близина на Волгоград, 900 километри југоисточно од Москва. Крима го предизвика вниманието на светската јавност затоа што тој е Африканец со темна боја на кожата и веќе со симпатии е наречен „рускиот Обама“. „Барак Обама ми се допаѓа како личност и како политичар бидјеќи му докажа на светот дека е можно она што сите го сметаа за невозможно“, изјавил Крима.Инаку, руските медиуми го потенцираат неговиот често употребуван изборен слоган дека – „… ќе работи како црнец“.Аналитичарите велат дека тој има мали шанси затоа што живее во држава во која според нив расизмот и расните стереотипи и натаму се доминантни.Жоаким Крима инаку е член на партијата на рускиот премиер Владимир Путин, Обединета Русија, но на овие избори тој ќе оди сам зашто претходно партијата номинирала друг кандидат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.