Контакт

Свет

Седумина аџии загинале во Багдад

Објавено пред

Серија од бомбашки напади во Багдад врз шиитските аџии кои се враќале од Карбала убиле најмалку седум лица, известува ирачката полиција

Инцидентите се последни од серијата напади врз шиитите и ги зголемуваат стравувањата дека бунтовниците продолжуваат со нападите со што се обновува насилството предизвикано од сектантите, насилство кое ја разбранувало земјата во 2006 и 2007г.Првата од трите бомби погодиле минибус со аџии кој влегувал во сиромашниот шиитски кварт во Садр. Во експлозијата загинале четворица аџии, а повредени биле осумина. По кратко време, во две симултани експлозии во близина на фудбалски стадион во источен Багдад загинале тројца аџии, за време на нивното заминување дома во Садр.Никој не презел одговорност за нападите, но сепак ваквите напади врз шиитски цивили, вклучително и аџии, се поврзуваат со сунитските муслимани и Ал Каеда во Ирак.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Се намалува бројот на заразени со коронавирус во БиХ

Објавено пред

Во Босна и Херцеговина денеска се забележани 141 случај со новозаразени со Ковид-19, што е двојно помалку од вчера кога беа регистрирани 289 случаи.

Во последните 24 часа во Федерацијата БиХ тестирани се 687 примероци, од кои 102 се позитивни. Досега се потврдени 2.768 заразени, од кои 1.515 се активни случаи.

Прикажи повеќе...

Европа

Дуда би го сменил полскиот Устав за да забрани геј двојките да посвојуваат деца

Објавено пред

Една недела пред вториот круг на претседателските избори во Полска, претседателот во заминување Анджеј Дуда рече дека ќе се обиде да го промени Уставот за да им забрани на истополовите парови да посвојуваат деца.

Предлог-законот ќе пристигне на разгледување во парламентот во понеделник, најави Дуда.

Неговиот либерален ривал во вториот круг на изборите, градоначалникот на Варшава, Рафал Трзасковски, исто така рече дека е против посвојувањето деца од истополови двојки, јави новинската агенција ПАП.

Пратеникот и ЛГБТ активист, Криштоф Смишек, го критикуваше Дуда дека предложил нешто што нема да добие потребно мнозинство во парламентот.

„Тоа е обид да се мобилизира страв со цел да се соберат гласови“, рече Смишек.

Според последните анкети, Дуда има мала предност пред Трзасковски и се предвидува дека ќе победи со 50,9 проценти од гласовите.

Прикажи повеќе...

Регион

Грција ги затвора границите за српски државјани

Објавено пред

Грција од утре во 6 часот наутро ги затвора границите за српските државјани.

Српските туристи кои веќе се наоѓаат Грција, која важи за популарна дестинација за одмор за Србите, ќе можат да ја напуштат земјата.

Претходно се појави вест дека грчкото Министерство за надворешни работи може да донесе одлука за затворање на границите за Србите, а во меѓувреме решението е и официјално донесено.

Ова веројатно ќе значи поголем прилив на српски туристи во Хрватска, бидејќи границите на Црна Гора со Србија се и натаму затворени.

Србија изминатава недела бележи голем пораст на заразени од коронавирус, а пред два дена беше најтешкиот ден од почетокот на епидемијата во земјата затоа што беа регистрирани дури 11 смртни случаи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Регистрирани 115 новозаразени и седуммина починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на...

Топ2 часа

Од куќа во Скопје украдени речиси милион евра

Скопјанец на возраст од 58 години во вечерните часови на 4 јули пријавил тешка кражба во неговиот дом. Според пријавеното,...

Македонија4 часа

Битолчаните кои претрпеле штети од поројниот дожд ќе може да аплицираат за помош од општината

По обилните врнежи од дожд, кои синоќа ја зафатија Битола и по целоноќните интервенции на терен од страна на екипите,...

Македонија4 часа

Уролог од Тетово е прв починат доктор со Ковид-19 во земјава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи објави дека во градската болница ,,8 Септември” во Скопје, на 64 годишна...

Топ5 часа

Еден загинат и тројца ранети во пресметка со ножеви и пиштол во Батинци

Во вечерните часови на 4 јули во скопската полиција било пријавено дека во градската болница „Св. Наум Охридски“ со повреди...

Европа6 часа

Курц: Правиме сè за да спречиме ново затворање порди коронавирусот

Австрискиот канцелар Себастијан Курц истакна дека сака да спречи ново затворање на земјата, поради што е важно брзо да се...

Свет8 часа

Раперот Канје Вест најави дека влегува во претседателската трка, доби поддршка од Илон Маск

Американскиот рапер Канје Вест во саботата на „Твитер“ објави дека ќе се кандидира на претседателските избори во ноември и ќе...

Свет20 часа

СЗО: Забележан нов рекорд на новозаразени во еден ден

СЗО објави дека во последните 24 часа во светот се регистрирани 212.326 нови случаи на коронавирус, што претставува рекордно зголемување...

Македонија23 часа

147 новозаразени и шестмина починати во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.296 тестирања за Ковид-19, а регистрирани се 147 нови...

Европа24 часа

Рација во 15 италијански региони поради снимање и споделување на детска порнографија

Три лица се уапсени во Италија, а 50 се под истрага поради порнографска злоупотреба на деца, вклучително и новороденчиња. Сликите...

Македонија1 ден

Сафет Бишевац позитивен на коронавирус

Сафет Бишевац, кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук објави дека е позитивен на коронавирус. Тој вели дека...

Регион1 ден

Расте бројот на заразени туристи во Грција, на Скијатос слетала Србинка позитивна на коронавирус

По случајот со семејство од Белград кое било „депортирано“ од Грција, откако било утврдено дека мажот е позитивен на коронавирус,...

Македонија1 ден

Болницата „8 Септември“ тврди: Ова е ковид болница, нема листа на чекање за итни операции

Болницата „8 Септември“ во Скопје соопшти дека не постои листа на чекање за итни хируршки интервенции. „ЈЗУ ГОБ „8 Септември“...

Европа1 ден

Истрага против поранешниот француски премиер и министри поради Ковид-19

Францускиот специјален суд нареди да започне истрага против поранешниот премиер Едуард Филип и двајца министри за здравство во врска со...

Спорт1 ден

Поддршка за Ѓоковиќ од центарот на Загреб (Фото)

Голем транспарент со поддршка за Новак Ѓоковиќ се појави во центарот на хрватската престолнина Загреб. „Имаме право да дишеме. Стоп...

Регион1 ден

На Косово 114 новозаболени од коронавирус – жариште има на подножјето на Шар Планина

Националниот институт за јавно здравје во Приштина објави дека во Косово се регистрирани 114 нови случаи на Ковид 19, пишува...

Свет1 ден

Русија ќе подготви 70 милиони дози вакцини за Ковид-19, привичните тестови се успешни

Две недели откако започнаа клиничките тестирања врз група волонтери на руската вакцина против Ковид-19, нема никакви негативни ефекти, со што...

Свет1 ден

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет1 ден

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет1 ден

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Досие