Свет
Северна Кореја ја зголеми борбената готовност
Севернокорејската армија ја подигна борбената готовност во пресрет на денешните заедничка американско-јужнокорејска воена вежба
„Целата армија и народот се во состојба на специјална борбена готовност. Ако американските империјалисти или јужнокорејските марионети извршат и најмала воена провокација и посегнат по суверенитетот на Северна Кореја, нашата револуционерна армија ќе им нанесе удар на агресорите, вклучувајќи ги сите офанзивни и дефанзивни средства, вклучително и нуклеарното оружје“, се наведува во соопштението на севернокорејските власти, пренесено од државната новинаск аагенциаја KCNA.Оваа американско-јужнокорејска воена вежба во која учествуваат 56 илјади војници од Јужна Кореја и 10 илјади војници од САД ќе трае десет дена. Заедничките воени вежби кои вклучуваат компјутерски симулации и увежбување на комуникациите.Маневрите, како што се забележаа некои западни медиуми, доаѓаат во период кога од Пјонгјанг пристигнуваа ретки помирувачки тонови, а во тој контекст се наведува неодамнешното ослободување на двете американски новинарки Лора Линг и Еуна Ли, по интервенцијата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата средба во Пјонгјанг со комунистичкиот лидер Ким Јонг Ил.Пјонгјанг во неделата се закани дека ќе употреби нуклеарно оружје ако биде загрозена нејзината безбедност а инаку, кконстантно одржува воени вежби на кои се симулира извршување инвазија и нуклеарна војна.„Ако американските империјалисти и бандата на Ли Мунг Бак (претседателот на Јужна Кореја – з.н.) ја нападнат Корејската Народна Демократска Република со атомски бомби, тоа ќе предизвика одговор кон нив исто така со нуклеарно оружје. Ним треба да им биде јасно дека тоа е челичната волја на решителноста на корејската народна армија во секое време да Тие треба јасно да разбере“, стои во вчерашната информација на KCNA во која се цитира изјава на висок офицер во армијата на Северна Кореја.САД во Јужна Кореја имаат стационирано 28.500 војници, како поддршка на нејзината армија која брои 670 илјади. Северна Кореја, пак, има во нејзините вооружени сили 1,2 милион војници, но аналитичарите сметаат дека се вооружени со застарено оружје.Двете Кореи, практично се’ уште се во војна, откако нивниот оружен конфликт од 1950 до 1953 г. заврши со потпишување прекин на огнот а не мировен договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.