Свет
Нови убиства во Чеченија
Четири полициски службеници загинале, а еден бил повреден во самоубиствен напад во Чеченија
Магомед Динијев, претставник од чеченското министерство за внатрешни работи, изјавил дека нападот се случил во комплекс на бензинска станица со автоперална, во градот Мескер-Јурт, на 20-тина километри југоисточно од Грозни. Бомбашот-самоубиец се разнел пред полициската патрола која го однела автомобилот на перење. Во нападот четворица од нив загинале на самото место, а еден бил повреден.Нападите се последени од серијата напади по зголеменото насилство врз полицијата и војската во северен Кавказ. На почетокот од минатата недела загинале најмалку 25 луѓе во експлозијата на камион-бомба што ја погодила полициската станица во Ингушетија.Руските сили во Чеченија се борат со сепаратистите уште од 1994г. и во изминативе 15 години воделе војна двапати, а повремено се случувале голем број помали инциденти.Минатиот петок во напад на бомбаши-самоубијци со велосипеди, загинале четири полициски службеници во Чеченија, а чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, претпоставил дека целта им била да го убијат него за време на неговата роденденска прослава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.