Свет
Путин и Борисов телефонски разговарале за енергијата
Рускиот и бугарскиот премиер во четвртокот имале телефонски разговор околу енергијата, соопшти бугарската влада
Разговорот меѓу Владимир Путин и неговиот бугарски колега, премиерот Бојко Борисов, доаѓа во времето кога новата бугарска влада најави ревидирање на своето учество во енергетските проекти кои ги поддржува Русија. Во владиното соопштение од четвртокот, се наведува дека двајцата премиери разговарале за планот за нуклеарната централа Белене, гасоводот „Јужен тек“ преку кој треба да се транспортира рускиот гас за Европа преку Црно Море и нафтоводот Бургас-Александрополис, а во кои и двете држави се во партнерски односи. Притоа се нагласува дека Борисoв рекол дека во Софија се разгледуваат деталите на постигнатите договори. Заради економската криза, Борисов сака да го преиспита планот за изградбата на нуклеарната централа на Дунав која треба да ја гради руската компанија Атомстројекспорт. Двајцата премиери се обврзале дека и натаму активно ќе разговараат за заедничките планови и партнерства и дека за оваа тема наскоро ќе се сретнат, пренесуваат бугарските медиуми. Бугарија се приклучи на планот за гасоводот „Набуко“ кој го пренасочува гасот кон Европа заобиколувајќи ја Русија, а од друга страна во моментов целосно е зависна од снабдувањето со руски гас и нафта. Бугарските медиуми забележуваат дека телефонскиот разговор меѓу Путин и Борисов се случил само неколку часови откако бугарската влада објави дека постигнала договор зголемување на енергетската соработка со Туркменистан кој сака да го зголеми и прошири извозот на неговиот гас, а чие насочување зависи од Русија. Туркменскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов и’ ветил на Бугарија дека ќе и доставува повеќе од 2 милијарди метри кубни гас годишно по 2014 г., кога треба да биде завршен гасоводот „Набуко“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.