Свет
Сенаторот Едвард Кенеди погребан на гробиштата Арлингтон
Последниот „патријарх“ на Кенедиевци во саботата навечер по европско време беше погребен крај неговите браќа Џон и Роберт. Сите тројца оставија неизбришливи траги во САД и светот
Припадници на почесната гарда на американската армија го изнесоа ковчегот со телото на сенаторот прекриен со американското знаме на гробиштата на ритчето во близината на неговите убиени браќа, поранешниот американски претседател Џон Фицџералд Кенеди и сенаторот Роберт Кенеди. Кардиналот Теодор Мекарик, инаку близок на сенаторот Едвард Кенеди го служеше кусиот погребен обред, на кој биле присустни дваесетина челнови на семејството Кенеди и потрпетседателот на САД, Џо Бајден.Погребот бил заппочнат во квечерина и завршилоткако веќе се спуштил мрак со истрелување на почесните плотуни. Гробот бил одбележан сано со едноставен бел крст и мала мермерна полча со едноставен натпис „Едвард Мур Кенеди 1932-2009“, исто како и на гробот на Раоберт кенеди, пренесуваат американските медиуми.Пред закопот во Арлингтон, погребната поворка на патото од воздушната база Едвардс запре на сенатската страна на Капол каде Тед Кенеди мина 47 години како сенатор. На скалилата на Каптол биле собрани илјадници грашани а уште четири ијлјади на платото пред зградата, според соопштението на полицијата. Меѓу нив имаше сенатори, конгресмени и персонал на Конгресот.Илајдниците собрани во чест на Кенеди се молеа и ја пееја „Аmerica the Beatiful“. На последното испраќање и заупокоената литургија во во римокатоличката базилика „Наша Богородица на вечното спасение“ во Бостон, на сенаторот Кенеди м беше оддадено признание и чест како на политичка икона, чвоек кого рагедиите и историјата го повикале да ја продлжи семејната традиција и да стане ментор на идните генерации на Кенедиеви. Претседателот Барак Обама одржа посмртен говор во кој спомена дека „Кенеди беше највдахнувачката личност во политичкито живот на Америка, која не дозволуваше партискиот живот да му влијае врз хуманоста. Она што ќе го паметиме се неговите историски достигнувања, а она што ќе ни дестосаува е неговото големо срце“.Пред обама зборуваа двата сина на сенаторот, близанците Едвард џуниор и Патрик Кенеди кои рекоа дека ќе го паметат нивнито такто како семеен човек кој ги сакал разговорите на семејните собирања и трастен човек кој сакал живото да се живее енергично и целосно. Меѓу 1.500-тината, на псоледното испраѓање на Едвард Кенеди присуствуваа и поранешните претседатели Џорџ В. Буш, Бил Клинтон и Џими Картер, сенатори од двете партии, директорот на CIA Лион Панета, претседателот на Вроховниот суд, Стефен Брејер, пасторот и активист за правата на афроамериканците Џеси Џексон, глумецот Џек Николсон, пејачот Тони Бенет. Својот уметнички прилог во церемонијата го дадоа и оперскиот тенор Пласидо Доминго и челистот Јо јо Ма.Сенаторот Едвард Кенеди почина на 77-годишна возраст од тумор на мозокот, кој му беше дијагностициран пред 15 месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.
Свет
(Видео) Пратеник во ЕУ пушти гулаб во знак на мир
Словачки пратеник во Европскиот парламент денеска привлече внимание со пуштање жива птица од говорницата по својот говор. Како што рече, тоа го направил во знак на мир во светот.
На збунетост и изненадување на присутните претставници во Стразбур, Мирослав Радачовски, лидер на десничарската партија Словачки патриот, посегна во чантата што ја имаше под јакната и го пушти гулабот да одлета во собраниската сала.
Тој рече дека „сака мир за целиот свет, за Русите и Украинците“.
„Би сакал да го ослободам овој гулаб како симбол на мирот, да симболизирам дека на Европа ѝ треба мир. Да оставиме овој гулаб да нѐ обедини сите“, рече Радачовски.
Сепак, иако сакаше да ги обедини присутните, некои ги згрози.
Каролин Руз, француска пратеничка во Европскиот парламент од редовите на зелените, го критикува велејќи дека користел живо животно за да даде политичко мислење, што е спротивно на правилата на парламентот.
„Тој употреби животно, скриено во неговата торба како едноставен предмет, само за да даде изјава за мир денес. Што ќе направите за да го вратите ова животно, господине? Каде е благосостојбата на животните во гестот на овој говорник? Сметам дека ова е апсолутно неприфатливо“, рече Руз.
Додека птицата леташе во салата, друг колега го праша Радачовски: „Можеш ли да ја фатиш“.
Јан-Кристоф Отјен, заменик-претседател на парламентот, рече дека инцидентот ќе биде пријавен кај претседателот на домот, додавајќи: „Се надеваме дека животното ќе биде добро“.