Свет
Потрагата по црните кутии на урнатиот француски „ербас“ ќе продолжи есенва
Директорот на франсуското биро за истрага и анализи кое ја истражува несреќата на летот AF-447 од Рио де Жанеиро до Париз изјавил дека по „црните кутии“ ќе продлжи да се трага наесен
„Потрагата би требала да продолжи есенва. Која есенва, не знам. Истрагата ќе чини 10 а можеби и неколку дестици милиони евра. Засега не можеме да ја објасниме несреќата. Се’ уште не ја сфативме причината за несреќата…“, изјави во понеделник Пол-Луи Арсланиан, директорот на Бирото за истрага и анализи кое технички го испитува падот на „Ербасот А330-200“ на Air France од 1-ви јуни. Произведувачот на воздухопловот, авиокомпанијата „Ербас“, претхоно изјави дека финансиски ќе учествува во таа истрага.Втората фаза од операцијата на поморската потрага по „црните кутии“ од авионот при чие уривање во Атлантикот загинаа 228 патници и членови на екипажот, без резлултати беше завршена на 20-ти август. Прфата фаза, пак, која беше акустично трагање беше прекината на 10-ти јули кога „црните кутии“ престанаа да емитуваат сигнал.Ткн. „црни кутии“, кои ги содржат најрелевантните податоци за причините на несреќата престанаа да емитуваат сигнали околу 1-ви јули, но по нив безуспешно се трагаше. Бидејќи се претпоставува дека тие се потонати на океанското дно кое во тој регион е длабоко и до шест километри, беше вклучен францускиот истражувачки брод „Зошто да не?“ од океанографскиот институт.Спасувачките и екипи за потрага успеаја да извадат само 51 тело на жртвите од Атлантикот. Летот AF-447 кој требало да трае 11 часа, според бразилските воздухопловни власти започнал добро од Рио де Жанеиро кон парискиот аеродром „Роаси Шарл де Гол“. Но, по речиси четири часа лет, капетанот на авионот јавил дека леталото влетало во големи турбуленции, по што биле прекинати сите радиоконтакти со контролата на летањето и авионот исчезнал од радарите. Во седиштето на компанијата, извршниот директор на Air Frence, Пјер-Анри Горжон, тогаш изјави дека авионот испратил автоматска порака за краток електричен спој, петнаесетина минути откако влегол во бурата и дека најверојатно бил погоден од молња. Потоа се откри дека Овој пад го следат многу контроверзи, поврзани со можен технички недостаток на авионите на производителот „Airbus“, до можна саботажа. Имено, француската разузнавачка служба пребарува дали две лица од списокот на патници се истите со оние што во нејзините архиви се сомничат како исламистички терористи. Извесно време пред катастрофата, пак, авион од истиот тип на француската компанија, доцнел со полетувањето од аргентинскиот главен град Буенос Аирес, заради дојава дека во него е поставена бомба.Еден од заклучоците на истрагата е дека авионот паѓал со голема брзина од висина од 10.700 метри, и тоа во хоризонтална положба, па така ударот бил со долниот дел. Елеците за спасување не биле отворени, што асоцира на голема силина на сударот, рекле од истрагата. Според истиот ивор неисправните сензори за брзината, би можеле да бидат еден од факторите, но не и причината за катастрофата. Исто така, се смета дека најобичната бура не би можела да биде главната причина за уривањето на авионот.Авионот бил последен пат забележан на радарите половина час откако полседен пат зборувал со бразилската контрола на летање, а по десет минути требало да се наоѓа во сенегалскиот воздушен простор. Во тој кус период кога се наоѓал и вон од сите радарски контроли, авионот исчезнал и забележани се само пораките кои авионот ги испраќал автоматски. Контролите во Мадрид и во Брест го пријавиле исчезнувањето дури со шест часа задоцнување, откако откриле шест часа празнина на најавениот лет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.