Свет
Полска за време на Втората светска војна
Во август 1939 година Хитлер и Сталин се одлучиле за милитарен сојуз, чија главна цел требало да биде Полска. Рибентроп-Молотовиот пакт, потпишан на 23 август 1939 година на таен начин решавал за потполна поделба полската држава меѓу двајца сојузници
Летото 1939 година Полска, независна само дваесет години, стана процтор на геополитички натпревар кој требало да влијае на судбината на светот. Иако од страна на европските велесили, третирана предметно, Полска ја исполни својата улога како субјект на сопствената историја. Ниту полските власти, ниту полското општество не подлегна на тогаш на закани и уцени на неспоредливо појаки тоталитарни држави. Полска не се согласи на никаков договор диктиран од нивните тотални идеологии. 50 години подоцна во јуни 1989 година го потврдивме ова несогласување, ставајќи крај на комунизмот. По Версајскиот договор (1919) Полска со нејзините западни територијални придобивки за Германија стана ,,паразитска“ држава, која владее со нивна територија, а со тек на време, за Третиот Рајх- простор за планираното освојување. За СССР- по поразот на Црвената армија во 1920 година- била првопласиран непријател, бариера во извозот на револуцијата на Запа. До 1939 година двете агресивни тоталитарни држави ја опкружиле Полска со без малку затворен кордон, сепак таа не се уплаши. Во август 1939 година Хитлер и Сталин се одлучиле за милитарен сојуз, чија главна цел требало да биде Полска. Рибентроп-Молотовиот пакт, потпишан на 23 август 1939 година на таен начин решавал за потполна поделба полската држава меѓу двајца сојузници. Соединетите сили на тие тоталитарни велесили всушност ја направиле Полска беспомошна. Подготовки за војна траеле, но сепак потенцијалот со кој располагала Полска, спрема идеолошки и милитарно јаките соседи не и давал никакви шанси во директен судир. На 1 септември германската армија ја нападнала Полска, на 17септември – во таен договор со германија- полската граница ја преминала Советската армија. На 22 септември во Брест на Буг двете напаѓачки армии одржаа бобедоносно дефиле, иакозаменетата во тврдина Варшава се предала дури на 28 октомври, а последните одбрамбени борби згаснаа на почетокот на октомври. Полската армија била разбиена но сепак волјата за одбрана не згаснала. Полските власти работеле во Париз а потоа во Лондон и како симбол таму останале половина столетие. Полска осамено се бореше против двете тоталитарни сили, кои заедно – преку поделбата на Полска- ја предизвикале Втората светска војна. Велика Британија и Франција раководејќи се со обврски спрема Полска, на 3 септември објавиле војна на Третиот Рајх, но во првите недели тоа биле само празни декларации. Без милитарна поддршка, полските единици, иако покажувајќи херојска храброст, не можеле да го запрат нападот на освојувачите. Светската војна, која поминала низ Полска од септември 1939 до 1945 година претставувала катаклизма во секоја смисла. Ја разурна земјата, ги помести границите на запад, делумно во нов регион, исто така разурнат, внесе смрт и болка од истерување во безмалку секое семејство. Донесе скоро потполно уништување на полските Евреи. Ги наруши односите на полјаците со соседните народи- коегзистенцијата ја претвори во непријателство. На 45 години ни го наметна комунизмот. Полска даде доказ на независноста, како прва започна борба со тоталитарната навала. Извршениот на нејзината територија сојузот на нацизмоти советскиот комунизам бил од моментален карактер. Сепак Полска решително настапувала против двајца агресори. 70 годишнината од избувнувањето на Втората светска војна и 20 години од затворањето на геополитичките пресметки претставуват рамки половина век за кој клучен факт се покажа тоа дека, на 1 септември 1939 Полска без страв се фати за оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ кај Москва мора да бидат казнети
Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“ ,во предградието на Москва, мора да бидат идентификувани и казнети, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детал од овој грозоморен терористички чин во „Крокус“, идентификувајќи ги сите инволвирани страни, вклучително и поттикнувачите, спонзорите и организаторите. Никој од нив не смее да избега од праведна казна“, нагласи Путин.
Зад терористичките напади во различни делови на светот стојат и радикални групи и разузнавачки служби на одделни земји , кажа рускиот лидер, пренесен од руските медиуми.
„Несомнено, меѓународниот тероризам останува една од најголемите закани на 21 век“, истакна Путин.
.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Свет
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија повторно би можеле да плаќаат такса за лекување во ординации
Во борбата против постојано зголемувањето на трошоците за здравствена заштита во Германија економските експерти предлагаат поголемо учество на обврзниците на здравственото осигурување и повторно воведување надоместоци за здравствена заштита, односно лекување во ординациите на општа пракса, пишува магазинот „Феникс“.
Шефот на Одделот за здравствена компетентност при Институтот за економски истражувања во Рајнише Вестфален Лајбниц (РВИ), Борис Аугурски, за „Билд“ изјави дека укинувањето на здравствената такса во лекарските ординации е грешка.
„Наместо таксата за претходна пракса од десет евра од посета на лекар, подобро е, на пример, да земете пет евра од посета на лекар. Исклучок треба да биде земањето рецепти“, рече Аугурски, пренесува магазинот „Феникс“.
Стефан Грес, здравствен економист од Фулда, се залага за значително зголемување на прагот на придонесот.
Постепено треба да се зголеми од сегашните 62.100 евра годишно на 90.600 евра годишно.
„Тоа значи дека компаниите за здравствено осигурување би можеле да заработуваат околу десет милијарди евра повеќе годишно“, изјави Грес за „Билд“.
Од друга страна, економистот од Фрајбург, Бернд Рафелхусен, повикува на здравствени придобивки независно од платата.
– Доколку сакате да платите помала такса, мора да ја зголемите месечната здравствена такса. Компаниите за здравствено осигурување мора да се вклучат за да им помогнат на луѓето кои не заработуваат доволно, рече Бернд Рафелхузен.
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија до крајот на 2012 година требаше да плаќаат квартален надоместок од десет евра за лекување и стоматолошки третман. Таксата беше укината во 2013 година.