Контакт

Свет

Силен земјотрес во Бали

Објавено пред

Земјотрес со силина од 6,4 степени по Рихтер во сабот наутро го погоди индонезискиот остров Бали. Министерствотот за здравство соопштило дека има повредени

Земјотресот се случил 101 километар југоисточно од градот Нусаду, на длабочина од 36 километри.Бидејќи епицентарот на земјотресот бил на дното од океанот, Метеоролошката служба издала педурпредување за можно цунами. Најмалку седум лица биле повредени. Некои биле повредени од делови кои паѓале од зградите а други се повредиле откако во паника скокале од повисоките катови, изјавил  службеник во министерството за здравство Рустем Пакаја. Тој додал дека се урнал покривот на трговскиот центар во главниот град на островото, Денпасара.„Кога се случи земјотресот, бев во продавница и куѓето почнаа да викаат да бегаат надвор“, рекол жител на градот Сингараја на Бали. Индонезија е чсесто погодувана од земјотреси бидејќи е во подрачје каде се вкрстуваат тектонски полочи. На 2-ри септември ба ридовите во југозападиот дел од островот Јава се случи земјотрес во кој загинаа 57 лица а уништени илајда објекти, додека во главниoт град Џакарта покрај паниката имаше и материјални штети.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Објавено пред

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во северна Сирија, ако САД не ги исполнат своите обврски.

Обврска на САД е да влијаат на повлекувањето на курдските сили од турско-сириската граница.

„Во овој момент ја прекинавме операцијата на пет дена. За тоа време терористите мораат да бидат повлечени од безбедносната зона и треба да го предадат тешкото вооружување. Мораат да бидат уништени нивните позиции. Ако тоа не се случи, операцијата ќе биде обновена. Нашата војска е целосно подготвена за тоа“ рекол Акар.

Турскиот претседател Ердоган и потпретседател на САД Мајк Пенс се договорија турската офанзива во Сирија да биде прекината на пет дена поради повлекување на курдските сили од границата со Турсија. Пенс соопшти дека договорот подразбира повлекување на курдските сили и дека САД ќе допринесат во тој просец. Тој истакна дека американската војска нема да се врати во оваа област.

Прикажи повеќе...

Свет

Украинец му го пресекол пенисот на човекот кој му ја силувал сопругата

Објавено пред

Маж од Украина му го одсекол пенисот на човекот кој му ја силувал сопругата, во близина на нивниот дом во Украина.

Додека се враќал дома во селото Шеченково, 27-годишниот маж видел како некој му ја силува жената, пишува „Дејли мејл“. Жената била излезена во ресторан со пријателки и заминала кон дома околу еден часот по полноќ. Била нападната недалеку од дома од 25-годишниот Дмитри Иченко, кој ѝ ја покрил устата за да не може да вика и ја одвлекол во грмушките покрај патот.

Како што пренесува „Дејли мејл“, нејзиниот сопруг пристигнал по десетина минути и слушнал некакви звуци од грмушките, па се приближил и видел како Иченко му ја силува жената. Прво го удрил по главата, а потоа извадил нож и му го пресекол пенисот. Вриштењето на силувачот ги разбудил сите околни станари.

Адвокатот на мажот, кој му го одсекол пенисот на силувачот, рекол дека неговиот клиент изгубил контрола.

„Сопругот изгубил контрола. Не бил свесен што прави“.

Сега му се заканува затворска казна повисока од казната на силувачот. Ако биде прогласен за виновен, тој би можел да добие 8 години затвор, а силувачот пет.

Прикажи повеќе...

Свет

Завршена истрагата за мејловите на Хилари Клинтон

Објавено пред

Стејт департментот ја заврши внатрешната истрага за користењето на адресата на приватната електронска пошта на поранешната американска државна секретарка, Хилари Клинтон.

Во рамки на истрагата, Стејт департментот утврди престапи кај 38 лица. Како што пренесува АП, од тие 38 лица, некои би можеле да се соочат со дисциплински постапки.

Со истрагата, отворена пред повеќе од 3 години, утврдено е дека 38 лица се одговорни за вкупно 91 случај за испраќање доверливи податоци од личниот именик на Хилари Клинтон, се наведува во писмото кое оваа недела е испратено до републиканскиот сенатор, Чак Гресли.

Тие 38 се актуелни службеници во Стејт департментот, кои не се идентификувани. Престапите ќе бидат евидентирани во нивните досиеа и би можеле дисциплински да одговараат, но се уште не е познато на кој начин.

Наспроти тоа што во извештајот се утврдени неправилности, наведено е дека истражителите не дошле до, како што се наведува, убедливи докази за системска, намерна грешка со користење на доверливи информации.

Сепак, се наведува дека употребата на приватниот мејл на Хилари Клинтон влијаела на загрозувањето на тајноста на податоците.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет52 минути

Турција ги предупреди САД: Исполнете ги своите обврски или ја обновуваме операцијата во Сирија

Турскиот министер за одбрана, Хилуси Акар изјави дека турската војска е подготвена да ја обнови операцијата „Извор на мир“ во...

Свет4 часа

Џонсон: Предлог законот за брегзит ќе го испратам во парламентот идната недела

Британскиот премиер Бори Џонсон им порача на пратениците дека од Брисел нема да бара ново одлагање. Тој треба да побара...

Свет4 часа

Одложено конечното решавање на брегзит

Британските пратеници усвоиjа амандман со кој се бара одложување на гласањето за договорот за брегзит. За одлуката за пролонгирање на...

Топ5 часа

Во стан во Карпош пронајден мртов маж

Во стан на ул.„Вич“ во скопската населба Карпош, вчера утрото бил пронајден починат 54-годишнен маж, М.Ш., соопшти МВР. По наредба...

Македонија6 часа

(Видео) Мицкоски: Очекувам да се договориме за избори, ако Заев не се премисли

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека очекува утре на лидерската средба да биде постигнат договор за предвремени парламентарни избори,...

Македонија9 часа

(Видео) Заев предлага предвремени избори што е можно побрзо

Премиерот Зоран Заев предлага одржување на предвремени парламентарни избори што е можно побрзо. Во своето прво обраќање откако Европската Унија...

Вести9 часа

(Видео) Вонредна состојба во Чиле по насилните протести поради поскапувањето на јавниот превоз

Чилеанскиот претседател, Себастијан Пинера, прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во...

Македонија10 часа

Инспекциски надзор во училиштето во Гостивар каде учениците ја поздравија воената операција во Сирија

Во основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, каде што учениците со војнички поздрав ја поздравија турската офанзива во Сирија,...

Македонија10 часа

Измама во ФК Куманово 1903, претседателот затаил данок од речиси милион денари

Полицијата поднесе кривична пријава против претседателот на правното лице „Фудбалски клуб Куманово 1903“, против сметководителка и против правното лице Здружение...

Свет10 часа

Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе...

Економија12 часа

Светска банка ќе даде поддршка од 120 милиони долари за финансирање на пет проекти

Светска банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти со кои ќе се подобри...

Европа12 часа

(Видео) Полицијата ја презеде контролата над улиците во Барселона, уапсени 27 лица

Каталонската и шпанската полиција ја презедоа контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови по синоќешните насилни протести. Полицијата...

Македонија12 часа

САД: Разочарани сме од одлуката на ЕУ за Северна Македонија

САД изразија разочараност затоа што Европскиот совет не додели датум за преговори за Северна Македонија и за Албанија.Стејт департментот наведува...

Спорт23 часа

Батистута повторно на операција: Ги молев лекарите да ми ги ампутираат нозете

Аргентинската фудбалска легенда, Габриел Батистута открива дека ги молел лекарите да му ги ампутираат нозете по големите проблеми со повредите...

Македонија24 часа

Хелсиншки бара казна за училиштето во Гостивар каде деца со војнички поздрав ја поддржаа офанзивата во Сирија

Хелсиншкиот комитет остро го осудува злоупотребувањето на учениците од гостиварското основно училиште Мустафа Кемал Ататурк за политички цели. На 17.10.2019...

Македонија1 ден

Ципрас: Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Европа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност...

Култура1 ден

Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што...

Македонија1 ден

(Видео) Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да...

Македонија1 ден

Влада: Во тек се консултации, Заев носи одлуки во интерес на граѓаните и државата

Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Зоран Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите...

Македонија1 ден

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток...

Досие