Свет
Ал Каеда има нови водачи
Новата Ал Каеда се претсруктуира и се претвора во идеолошко движење, што засега не го следат западните влади
Последните два месеца беа ликвидирани четири лица ваѓни за функционирањето на терористичката Ал Каеда. Во Индонезија беше убиен Нурдин Мухамед Топ, кој беше нејзин прв човек за југоисточна Азија. Во Сомалија е убиен оперативецот на Ал Каеда, Али Салех Набхан, кој беше осомничен за напдот врз американските амбасади во Кенија и Танзанија, а ликвидиран беше и нејзиниот човек Илјаз Кашмири задолжен за органзиацијата во северозападен Пакистан. Тој беше убиен во провинцијата Северен Вазиристан, додека во Јужен Вазиристан во авгист беше убиен водачот на пакистанските талибани блиски на Осама бин Ладен, Бејтула Мехсуд.Се проценува дека ова е несомнено тежок удар врз Ал Каеда, но сепак Бин Ладен се’ уште се заканува дека западот не може да го спречи тероризмот.Борбата против Ал Каеда трае веќе осум годни, забележуваат западните аналитичари кои велат дека за тој период таа органзиација минува низ транформација. Се’ повеќе нејзините челници настојуваат од оперативна терористичка организација да прераснат во глобално трористичко движењем кои има свои оснивачи, своја доктрина, литратуа и многу млади и амбициозни лидер. Нејзините водачи, судејќи според се’, се’ повеќе сметаат дека покрај нападите, многу важно е Ал Каеда да почне да дејствува како организција или гобално исламистичко движење.Аналитичарите сметаат дека за тоа е заслужен Абу Јахја ал-Либи кого го гледаат како наслендик на Осама Бин Ладен. Тој израснал во Либија каде струдирал хемија во периодот меѓу 1980 и 1990 г. кога и патувал во Авганистан каде се прилучил на Либиската исламистичка борбена група (LIGH), кој се бореше против Советите. Потоа бил испратен во Мавританија каде студирал и ја проучувал религијата, а меѓу 2001 и 2002 г. во пакистанскито град Карачи станал вебмајстер на талибанската интернетска страница Ал-Имарах ал-Исламија, со што добил големо влијание меѓу младите. Пакистанските разузнавачи го уапсил на 28 мај 2002 г. и го затвориле во авганистанскиот затвор Баграм од каде избегал. Токму него западните служби ги сметаат за човекот кој ќе ја трансформира Ал Каеда во интелектуално-верско-идеолошки бунт насветско ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.