Свет
Во САД апсењa за планирање терористички напади
Агентите на FBI во сабота навечер во Денвер во државата Колорадо го уаспиле 24-годишниот Наџибулах Зази од Авганистан под сомнение дека учествувал во заговор за трористички напади во Њујорк
Наџибулах Зази и неговиот 57-годишен татко Мухамед Зази со лициси на рацете биле изведени од нивниот дом во денверското предградие Аурора, но не е објавена официјалното обвинение против нив. Нивниот адвокат Артур Фолсом се сретнал со нив во канцелариите на Бирото.Извор на CNN рекол дека за истиот случај се очекуваат уште две апсења во Њујорк. Изворот додал дека едно лице кое неколкупати било приведувано за сомневање за тероризам се сголасило да соработува со FBI. Зази инаку три дена бил испрашуван во Бирото, но одбил да дојде на разговор и четвртиот ден, по што уследило апсењет, пишуваат американските медиуми. Според некои американски медиуми, Зази ја признал неговат пворзаност со Ал Каеда, но неговиот адвокат негирал дека тој имал каква и да е врска со организацијата и дека бил на обука во камп во Пакистан.Истрагата била засилена откако Зази престојувал во Њујорк, а извори од истрагата навеле дека кај него била пронајдена видеоснимка на главната њујоршка железничка станица Grand Central Terminal. Исто така, тие додале дека една од неговите пораки сугерирале дека заговорот се ближи до фазата на нападот, бидејќи таа содржела наводен код „свадбената торта е подготвена“, затоа што оперативците на Ал Каеда често употребувале термини од венчавки се наведува во извештајот на ABC News.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.
Регион
Откриено кој го возел „пунтото“ во моментот на исчезнувањето на Данка
Кој го управувал автомобилот „пунто“ е откриено од видеото во случајот со исчезнувањето на девојчето Данка.
Преземено е видео од надзорната камера лоцирана во дворот на куќата на сосетката Јасмин Стојадиновиќ од Бањско Поле, која била прегледана од полицијата во текот на истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2) од Бор.
На видеото се гледа зелен автомобил „пунто“, кој во моментот на исчезнувањето на девојчето се движел по улицата со голема брзина. Возилото наводно било управувано од маж. Сепак, оваа информација не го олесни пребарувањето многу. Познато е дека бил сослушан во полиција.
Утврдено е дека се работи за сосед што живее недалеку од местото на кое исчезна Данка Илиќ. Според информациите, мажот бил во алкохолизирана состојба и возел со голема брзина.
Девојчето исчезна на 26 март во 13.45 часот.
Свет
„Њујорк тајмс“: Американските разузнавачки служби не ги споделиле со своите руски колеги сите информации што ги имале за заканата од терористички напад
Американските разузнавачки служби не ги споделиле со своите руски колеги сите информации што ги имале за заканата од терористички напад во градското собрание Крокус поради страв да не ги откријат нивните извори, пишува „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на претставници на европската и американската безбедност, пренесува „РИА новости“.
„Непријателските односи меѓу Москва и Вашингтон ги спречија американските официјални лица да споделат повеќе информации за терористичкиот заговор поради страв дека руските власти би можеле да дознаат за нивните разузнавачки извори или методи“, се вели во написот.
Како што изјави директорот на ФСБ, Александар Бортников, Вашингтон на почетокот на март пренел информации за подготовка на терористички напад во Русија, но тој бил од општа природа. Тој истакна дека таквите податоци од САД не се секогаш конкретни.